Достапни линкови

Заврши заложничката драма во Сиднеј


Завршена заложничката драма во Сиднеј
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00

Завршена заложничката драма во Сиднеј

Напаѓачот и еден од заложниците загинале во полициската акција. Во акцијата има и повредени, а неколку луѓе беа изнесени на болнички носилки.

Заврши заложничката драма во Сиднеј, откако полицијата упадна во кафулето во центарот на градот, каде што еден маж 16 часа држеше заложници, кои одредено време беа принудени да веат исламско знаме низ еден од прозорците. Напаѓачот и еден од заложниците загинале во полициската акција. Некои од заложниците успеале да избегаат кога полицијата упаднала во објектот. Во акцијата има и повредени, а неколку луѓе беа изнесени на болнички носилки.

Претходно, петмина заложници успеаја да избегаат. Напаѓачот имал 50 години е со потекло од Иран, но не се соопштува што се случило со него. Тој бил обвинет за сексуален напад и соучесништво во убиство во други случаи.

Не знаеме дали ова е политички мотивирано, иако очигледно има некои индикации дека би можело да биде.
Тони Абот, премиер на Австралија.

Полицијата денеска го блокираше местото Мартин Плејс во центарот на Сиднеј каде што е лоциран кафе-ресторанот.

Според арапската порака на знамето што било покажано на излогот на ресторанот, станувало збор за шахада или за исповедување исламска вера.

Сведоци изјавиле дека слушнале истрели и оти во ресторанот имало најмалку 13 луѓе.

Претставник на „Линд Аустралиа“ во чија сопственост е ресторанот пак наведе дека во моментот на нападот таму имало 50 гости и персонал.

Целата поента на политички мотивирано насилство е да ги заплаши луѓето. Австралија е мирно, отворено и великодушно општество. Ништо и никогаш тоа нема да го смени. Затоа барам од Австралијците нормално да си ги извршуваат секојдневните работи.
Тони Абот, премиер на Австралија.

Австралискиот премиер Тони Абот веднаш по нападот изјави дека не е познато дали бил политички мотивиран, иако, како што рече, имало извесни индикации за тоа.

„Не знаеме дали ова е политички мотивирано, иако очигледно има некои индикации дека би можело да биде, рече Абот, додавајќи:

„Целата поента на политички мотивирано насилство е да ги заплаши луѓето. Австралија е мирно, отворено и великодушно општество. Ништо и никогаш тоа нема да го смени. Затоа барам од Австралијците нормално да си ги извршуваат секојдневните работи“, изјави премиерот Тони Абот.

Комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Ендрју Сципионе, рече дека полицајците постапувале според нормите за терористички напад.

Шест часа од почетокот на заложничката драма неколку луѓе истрчале од зградата каде што е кафе ресторанот, а полицијата соопшти дека стапила во контакт со напаѓачот, но веднаш одби да шпекулира кои се неговите можни мотиви.

Улиците околу зградата биле блокирани од добро вооружени специјалци, а просторот околу Сиднејската опера бил расчистен поради, како што јавуваат новинските агенции, можен сомнителен пакет.

Соединетите Држави го евакуираа конзулатот во Сиднеј и упатија предупредување до американските државјани во тој град.

Претходно, денеска полицијата соопшти дека едно лице било уапсено во Сиднеј како дел од истрагата за планирани терористички напади во Австралија и за испраќање австралиски државјани да се борат во редовите на милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

До ова дојде откако австралиската влада во септември го покачи нивото на безбедност поради можни терористички напади.

Се верува дека околу 70 Австралијци се борат во Ирак и Сирија и оти расте бројот на младите кои се радикализираат и кои можат да претставуваат закана за безбедноста на земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG