Достапни линкови

Исламската држава, најопасна терористичка група


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.
Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел оцени дека Исламската држава претставува непосредна закана за интересите на Соединетите држави и таа мора да биде поразена. Според него, Исламската држава е повеќе од традиционална терористичка група, односно дека е подобро опремена, обучена и финансирана од другите.

На прес-конференцијата во Вашингтон, одржана два дена откако Исламската држава објави видео снимка со обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, секретарот за одбрана Чак Хејгел изјави дека Исламската држава, која контролира делови на Сирија и Ирак се разликува од другите терористички организации и е многу поопасна од нив.

„Се сомневам дека многу луѓе помислиле оти ден пред 9/11 имало голема закана. Тоа се случи пред неколку години. Оваа земја е подобро подготвена од тогаш, но и тероризмот сега е пософистициран. Исламската држава е нешто сосема поинакво од она што можевме да го видиме досега.“

Исламската држава е пософистицирана и подобро финансирана од другите групи. Таа е повеќе од терористичка група. Тие успеваат да ја спојат идеологијата и своите знаења од областа на воената тактика и страгетијата. Треба да бидеме подготвени на се.
Чак Хејгел, aмериканскиот секретар за одбрана

Хејгел прецизира дека Исламската држава е добро опремена и финансирана и оти Соединетите држави би требало, како што рече, да бидат подготвени на се.

„Исламската држава е пософистицирана и подобро финансирана од другите групи. Таа е повеќе од терористичка група. Тие успеваат да ја спојат идеологијата и своите знаења од областа на воената тактика и страгетијата. Треба да бидеме подготвени на се. Единствен начин за тоа е директно и цврсто да се соочите со нив“, рече Хејгел на прес конференцијата на која шефот на американскиот Генералштаб, генерал Мартин Демпси изјави дека е возможно терористите на Исламската држава да бидат запрени. Сепак, како што рече, доколку се сака тоа да биде засекогаш, тогаш ќе биде потребна интервенција во Сирија каде што е нивната главна база.

„Нивната долгорочна визија е Исламска држава Ирак и Ал Шам. Ал Шам ги вклучува Либан, Израел, Јордан, Ирак, Сирија и Кувајт. Ако тие ја постигнат таа визија тоа во основа ќе го смени лицето на Блискиот Исток и ќе создаде безбедносна ситуација која сигурно ќе претставува закана за нас на многу начини.“

Генерал Демпси наведе дека се разгледуваат повеќе опции за справување со Исламската држава, но не презицира кои се тие.

Нивната долгорочна визија е Исламска држава Ирак и Ал Шам. Ал Шам ги вклучува Либан, Израел, Јордан, Ирак, Сирија и Кувајт. Ако тие ја постигнат таа визија тоа во основа ќе го смени лицето на Блискиот Исток и ќе создаде безбедносна ситуација која сигурно ќе претставува закана за нас на многу начини.
Генерал Мартин Демпси.

Аналитичарите сметаат дека освен испраќање повеќе војници за да се зацврсти безбедноста на американската амбасада во Багдад, се разгледувало и побрзо вооружување на курдите на северот на Ирак.

Досега Вашингтон се колебаше отворено да го прави тоа бидејќи курдските милиции биле против ирачките власти.

Исто така се спомнува и проширување на сегашната воздушната кампања во Ирак и врз цели на Исламската држава во Сирија.

Ова не е прв пат што претседателот Барак Обама се соочува со опцијата за воена акција во Сирија.

Белата куќа во средата обелодени дека Обама одобрил тајна мисија во текот на летово за спасување на американските заложници во Сирија, вклучувајќи го и новинарот Џејмс Фоли. Мисијата пропаднала, бидејќи заложниците биле преместени пред да стигнат нивните спасувачи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG