Убиен напаѓачот кој држеше заложници во Париз
Француската полиција упадна во кошер продавницата во источен Париз во која вооружен напаѓач држеше заложници. На снимките може да се забележи дека неколку луѓе се евакуираат од зградата каде што е продавницата, но, Франс прес, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор, објави дека во продавницата има петмина мртви, меѓу кои и напаѓачот.