Не е првпат тоа што 63-годишниот Андонис Самарас ја жртвува неговата кариера со вакви рискантни потези.
Пред две децении, како тогашен министер за надворешни работи, Самарас не се двоумеше да ја урне целата влада околу битката за официјалното име на соседната Македонија.
Потоа, во 2012 година, тој, како лидер на опозицијата инсистираше на распуштање на привремената техничка влада која ја раководеше екс заменик претседателот на Европската банка, Лукас Пападимос.
Пред две децении како тогашен министер за надворешни работи Самарас не се двоумеше да ја урне целата влада околу битката за официјалното име на соседната Македонија.
Во тоа време за него единствен спас за со финансиската криза зафатената Грција беа предвремените избори.
Тој тогаш се залагаше за олеснување на острите мерки за штедење што мораше да ги спроведе Грција со цел да добие спасувачки пакет од странските кредитори.
Но, како што дојде на функција, тој стана еден од главните гласноговорници на мерките за штедење.
Самарас како 26-годишник стана пратеник во парламентот по што имаше метеорски политички подем кој беше прекинат за време на кризата со Македонија во деведесетите години.
Тогаш формира своја сопствена партија Политичка пролет која по една деценија исчезна од грчката сцена.
Во 2004 година на Самарас му беше дозволено да се врати во Нова Демократија и по пет години ја победи Дора Бакојани и стана лидер на таа партија.
Како потомок на познато семејство, Самарас завршил економија и бизнис на врвните Амхерст колеџот и Харвард универзитетот во Соединетите Држави.
Тој тогаш другарувал со поранешниот грчки премиер и лидер на социјалистичкиот ПАСОК Јоргос Папандреу кој потоа стана негов политички ривал.
Самарас има тврд став спрема миграцијата во Грција, ветувајќи дека ќе ги преземе грчките градови од, како што вели, „илегалните освојувачи“, мислејќи на стотиците илјади непријавени имигранти.
Иронично, неговите критичари велат дека делумно токму и тој бил одговорен за овој проблем.
Како шеф на дипломатијата пред две децении, токму тој инсистирал на отворање на границата со Албанија кога се распадна тамошниот комунистички режим.
Како и да е, најновите испитувања на јавното мислење во Грција покажуваат дека опозициската Сириза со 28 насто води пред Нова демократија која има 25 насто од анкетираните.
Позицијата на Самарас како премиер е усложнета и поради слабостите кај коалицискиот партнер ПАСОК. Оваа партија се соочува со жестоки внатрешни тензии и можеби не ќе успее да влезе во новиот состав на парламентот.