Достапни линкови

И Самарас е за предвремени избори


Самарас е за предвремени избори во Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Грчкиот премиер Андонис Самарас побара од пратениците во парламентот да изберат нов шеф на државата. Во таков случај тој ја најави можноста од предвремени избори до крајот на идната година, односно по завршувањето на преговорите со меѓународните кредитори.

Говорејќи на ненајавено телевизиско обраќање, премиерот Самарас изјави дека разговорите за предвремени избори создале бескрајна кампања и атмосфера на купување гласови што дополнително, како што рече, го труе расположението во земјата.

Избори не би требало да се одржат. Оваа политичка нестабилност мора да запре. Грција мора да се движи напред. Не можеме да си дозволиме на крајот од една политичка несигурност да влегуваме во друга. Проблемите во земјата не можат да бидат заглавени во бескрајна предизборна сезона.
Андонис Самарас, премиер на Грција.

„Избори не би требало да се одржат. Оваа политичка нестабилност мора да запре. Грција мора да се движи напред. Не можеме да си дозволиме на крајот од една политичка несигурност да влегуваме во друга. Проблемите во земјата не можат да бидат заглавени во бескрајна предизборна сезона“, рече тој.

Самарас наведе дека, како што изјави, „оргијата“ на неосновани обвинувања за поткупување пратеници ќе се покажела како неуспешна.

„Но, тоа ќе биде откако ќе го отруе нашиот демократски процес„, рече тој, понудувајќи избори во идната година по завршувањето на преговорите со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Тој вети дека доколку пратениците го изгласаат неговиот предлог за шеф на државата ќе вклучел нови и како што рече, проевропски лица во неговата конзервативна коалициска влада.

„По претседателските избори ќе ги прошириме нашите владини редови со луѓе кои веруваат во европската иднина на земјата. Наша национална должност е да ги завршиме преговорите со нашите кредитори и да го преразгледаме Уставот во мирна и сигурна клима“, рече Самарас.

Ваквата неочекувана понуда за предвремени избори дојде пред втората рунда на гласање во парламентот за нов шеф на државата. Резултатот од првата рунда во минатата недела беше катастрофален за владата која доби помалку поддршка од очекуваната.

Не верувам дека нешто може да го смени ваквиот резултат, бидејќи ништо не може да го промени незадоволството на грчкиот народ со сегашната политика.
Алексис Ципрас, лидер на Сириза

Доколку 300 члениот парламент не избере претседател и на третата рунда закажана за 29 овој месец, тогаш би требало до февруари идната година да се одржат предвремени избори.

Тоа ги доведува во опасност преговорите на Грција за договорот за меѓународниот спасувачки финансиски пакет.

Претходно, лидерот на најголемата грчка опозициска партија левичарската Сириза Алексис Ципрас изјави дека Европа не би требало да страхува од владата што би можела да ја формира неговата партија.

Сириза води на анкетите, а по првата рунда гласање за претседател стана јасно дека Грција е на прагот од предвремени избори.

„Не верувам дека нешто може да го смени ваквиот резултат, бидејќи ништо не може да го промени незадоволството на грчкиот народ со сегашната политика“, рече Ципрас, кој најави дека неговата евентуална влада ќе преговара за поприфатливи решенија за грчката економија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG