На видео снимката што ја објави „Златна зора“ чии девет од 18 партеници во парламентот се под кривична истрага, меѓу кои шестмина се во притвор, се гледа дека Панајотис Балтакос преговара со Илијас Касидијарис, пратеник и портпарол на неонацистичката партија во врска со правосудната офанзива против „Златна зора“.
Снимката предизвика бура, делумно бидејќи ја доведува под прашалник независноста на грчкото судство, а најмногу поради тајните врски на владата со неонацистичката партија.
Балтакос кој е познат по десничарските ставови, веднаш си поднесе оставка на местото генерален секретар на владата, функција на која беше од мај 2012 година кога на власт дојде коалицијата меѓу „Нова демократија“ на премиерот Андонис Самарас и ПАСОК на вицепремиерот и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос.
„Мораме да ги нападнеме сите кои се во идеолошки или практичен контакт со екстремната десница“ изјави Венизелос.
На ова реагираше министерот за внатрешни работи Јанис Михелакис кој оцени дека ваквите алузии за Нова демократија биле „глупост“.
Реагираше и главната опозициска партија, левичарската СИРИЗА, која го обвини премиерот за опортунизам и оти сакал да се „справи“ со „Златна зора“ само за дојде до гласовите од таа партија која, според анкетите, е на трето место, по „Нова демократија“ и СИРИЗА.
„Објавеното ги потврдува врските што беа спомнувани и порано, меѓу владата на Самарас и „Златна зора“, изјави лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, оценувајќи дека овој случај е од првостепено политичко, морално и институционално значење.
На видео снимката, која ја снимил самиот пратеник Касидијарис, Балтакос објаснува дека министрите за правда и јавен ред ја убедиле обвинителката на Врховниот суд Ефтерпи Куцамани да покрене кривична пријава против пратениците на „Златна зора“. Судот тоа го негираше, наведувајќи дека работи врз основа на закони и докази.
Убиството на грчкиот музичар Павлос Фисас во септември лани за кое е обвинет еден член на „Златна зора“ предизвика полициска и судска офанзива против таа партија.
Правосудството пак отвори истрага за да утврди дали Илијас Касидијарис, кандидат на неонацистите за градоначалник на Атина на претстојните избори во мај, со снимањето со скриена камера на извршил повреда на приватноста.
Балтакос кој скоро триесет години му е десна рака на премиерот Самарас изјави дека неговиот разговор со Касидијарис бил од тактички причини и оти Самарас не бил запознат со неговите контакти со „Златна зора“.
Во меѓувреме, грчкиот парламент гласаше да им се одземе имунитетот на уште петмина пратеници на „Златна зора“ за да може да им се суди за кривични дела.

Објавеното ги потврдува врските што беа спомнувани и порано, меѓу владата на Самарас и „Златна зора.Алексис Ципрас, СИРИЗА