Достапни линкови

Обама: Претстојат тешки мисии за американската војска


Обама означи крај на борбената мисија во Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Обама означи крај на борбената мисија во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама означи крај на децениската борбена мисија во Авганистан со одавање признание на американските војници за Божиќ. Тој сепак им порача дека се уште престојат, како што изјави, тешки мисии за американската војска.

Претседателот Обама, кој со семејството традиционално ги минува Божиќните празници на Хаваи, им порача на војниците во тамошната база дека нивните жртви овозможиле помирен и попросперитетен свет по терористичките напади врз Соединетите Држави во септември 2001 година.

„Бевме во постојана војна сега веќе 13, над 13 години. Идната недела ја завршуваме нашата борбена мисија во Авганистан. Поради ваквата исклучителна служба на американските сили, Авганистан има шанса за обнова, а ние сме побезбедни бидејќи таа земја нема да биде извор на терористички напади повторно“, рече Обама, кој сепак предупреди на другите тешки мисии во светот.

Се уште имаме некои многу тешки мисии низ целиот свет, вклучувајќи го и Ирак. Се уште имаме луѓе во Авганистан кои им помагаат на авганистанските безбедносни сили. Имаме луѓе кои помагаат да се справиме со еболата во Западна Африка. Имаме луѓе стационирани во целиот свет. Но, светот е подобар, побезбеден, помирен и повеќе просперитетен, а нашата татковина е заштитена поради вас и вашите секојдневни жртви.
Барак Обама, претседател на САД

„Се уште имаме некои многу тешки мисии низ целиот свет, вклучувајќи го и Ирак. Се уште имаме луѓе во Авганистан кои им помагаат на авганистанските безбедносни сили. Имаме луѓе кои помагаат да се справиме со еболата во Западна Африка. Имаме луѓе стационирани во целиот свет. Но, светот е подобар, побезбеден, помирен и повеќе просперитетен, а нашата татковина е заштитена поради вас и вашите секојдневни жртви“, рече Обама.

Соединетите Држави и НАТО ги повлекуваат повеќето трупи од Авганистан до крајот на годинава, оставајќи околу 13,5 илјади војници како поддршка на авганистанските сили.

Деновиве американскиот секретар за одбрана во заминување Чак Хејгел изјави дека Соединетите Држави ќе остават дополнителни илјада војници од претходно планираното поради растечката опасност од талибанските бунтовници.

2014 беше најкрвава година во Авганистан од почетокот на војната против талибанците во 2001. Само годинава беа убиени над 4 илјади и 600 припадници на авганистанските безбедносни сили, што е за 6 насто повеќе од претходната година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG