Достапни линкови

Војната против тероризмот донесе нов терор


Скоро 13 години од терористичките напади врз Соединетите држави, џихадистичка организација со убиствена антизападна идеологија освои големи територии во Ирак и Сирија. Исламската држава предупредува дека нема да запре само на Блискиот Исток. Што тргна лошо?

Исламската држава контролира големи делови од Ирак и Сирија кои се многу поблиску до Европа и Соединетите држави отколку Авганистан.

Таа располага со ресурси и касарни, па дури и со воена база во Сирија. Ја шири нејзината пропаганда преку социјалните мрежи. Обезглавува противници и се заканува дека тоа не е се.

Соединетите држави и сојузниците не влегоа во војна за искоренување на камповите на Ал Каеда во Авганистан, за да се соочат, со понеспосредна терористичка закана со иделогија полоша од онаа на Ал Каеда.

Војната против теророт, донесе метастазиран вид тероризам. Неколку стотици муслимани од Европа веќе се во Сирија и Ирак.

„Сега веруваме дека најмалку 500 луѓе отишле од Британија за да се борат во Ирак и Сирија. Околу 700 заминале од Франција, 400 од Германија, но и од стотици други земји“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон кој најави дополнителни мерки за спречување на оваа појава.

Многумина млади британски муслимани се збунети во врска со нивниот идентитет и почнуваат да веруваат во некаква тесна рамка која може да им ги објасни настаните. Џихадистите им нудат упростена претстава, борба меѓу доброто и злото. Тие им нудат другарство и сигурност.

Овие луѓе, според аналитичарите, и покрај напорите за меѓуверски дијалог, биле привлечени од идеологијата на Исламската држава.

„Во еден момент вие се обидувате да ги платите сметките, а во следниот веќе трчате со пушка во Сирија“, вели Џафар Хусеин, директор на Фондацијата Квилијам, британска организација против верскиот екстремизам, додавајќи:

„Многумина млади британски муслимани се збунети во врска со нивниот идентитет и почнуваат да веруваат во некаква тесна рамка која може да им ги објасни настаните. Џихадистите им нудат упростена претстава, борба меѓу доброто и злото. Тие им нудат другарство и сигурност. Исламската држава ги прави да се чувствуваат како дел од некаква голема борба“.

Поголемиот дел од Западот не успеа да се справи со привлечноста на ваквиот екстремизам.

Во меѓувреме, во Арапскиот свет исчезна главната надеж од Арапската пролет; дека поотворените општества ќе ја намалат фрустрацијата која води до екстремизам.

Не можеме да бидеме рамнодушни на теророт од Исламската држава. Нејзиното ширење мора да биде запрено и за тоа се согласивме во НАТО и Европската унија.

Американскиот претседател Барак Обама ја избегнуваше фразата „војна против тероризмот“ за да се дистанцира од политиката на неговиот претходник Џорџ Буш.

Но, во реалноста тој одбра да се бори со други воени средства. Ги интензивира нападите со беспилотни летала. Три години по неговиот најголем успех, убиството на Осама Бин Ладен, Исламската држава прогласи калифат во кој владее шериатското право.

Списокот на американските грешки е долг, од недоволно уверливите докази за војната во Ирак до недејствувањето против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Исламската држава, според експертите, порасна од американската слабост да ја одреди црвената линија во Сирија.

„Не можеме да бидеме рамнодушни на теророт од Исламската држава. Нејзиното ширење мора да биде запрено и за тоа се согласивме во НАТО и Европската унија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по одлуката за снабдување со оружје на ирачките курди кои се борат против џихадистите.

Сепак, најголемиот пораз за Америка и Западот, според аналитичарите, е оној идеолошкиот.

„Ако немате конкретна стратегија да ја поткопате нивната приказна, нивните вредности, нивниот поглед на светот, нема да успеете“, вели Џафар Хусеин.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG