Достапни линкови

Нов извештај за тајните испитувања на ЦИА


Извештај за тајните испитувања на ЦИА
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Извештај за тајните испитувања на ЦИА

Во сите американски објекти во светот е подигнат степенот на безбедност пред објавувањето на извештајот за тајните испрашувања на ЦИА во борбата против тероризмот.

Постојат некои индикации дека објавувањето на извештајот би можело да води кон зголемен ризик за американските објекти и поединци во светот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст.

Се претпоставува дека е можно по објавувањето на извештајот за испрашувачките техники на ЦИА врз затворени милитанти да дојде до протести, па и нереди и насилства во некои делови на светот.

Извештајот на ресорниот сенатски комитет за кој беа потребни неколку години детално графички ја претставува историјата на програмата на ЦИА за трансфер, задржување и испрашување на осомничени лица што по терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001-ва година ја одобри претседателот Џорџ Буш.

Активистите за човекови права и некои американски политичари сметаат дека некои од техниките, како недозволување на притворените да спијат и по неколку денови и нивно давење со вода, употребени од агентите на ЦИА биле тортура.

Некои техники за добивање информации од притворените биле над дозволените од Белата куќа, ЦИА и од министерството за правда.

Според наводите, тајни места каде што биле испитувани осомничените имало во Полска, Романија, Тајланд и Авганистан, како и во американската воена база на Куба.

Активистите за човекови права и некои американски политичари сметаат дека некои од техниките, како недозволување на притворените да спијат и по неколку денови и нивно давење со вода, употребени од агентите на ЦИА биле тортура.

Од ЦИА велат дека техниката со симулирање на давење со вода била искористена само врз тројца притворени.

Некои од овие техники потоа беа забранети од Џорџ Буш, но целата програма беше стопирана од Барак Обама веднаш откако во 2009 година беше инаугуриран за претседател.

Според Обама, употребата на овие техники им наштетиле на американските вредности.

Заклучокот на извештајот е дека грубите испрашувања не резултирале со некаков важен разузнавачки податок кој не би можело да биде добиен и со непринудни средства.

Ваквиот заклучок е жестоко нападнат од повеќето разузнавачи кои велат дека токму ваквите испитувања довеле до големи разузнавачки сознанија за терористите.

Според нив, овие техники биле неопходни поради загриженоста од можни нови катастрофални напади врз САД, но и поради тоа што американските власти имале ограничено познавање за Ал Каеда.

Извештајот од околу 500 страници е само сублимат од многу попрецизниот извештај од 6 илјади страници кој и натаму ќе остане тајна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG