Администрацијата на претседателот Барак Обама по ваквиот развој за руската економија со порака: „Нели ви рековме дека ќе биде така кога ги воведовме санкциите против Русија“.
„Сугериравме дека колку подолго ќе траат санкциите, толку повеќе Русите ќе бидат изолирани, а руската економија ќе има тешки последици“, рече портпаролот на Белата куќа Џош Ернст.
„Не сакаме народот на Русија да страда. Тоа не е наша цел. Ништо од она што правиме не е против Русите. Секако тие се фатени во изборот на нивната влада и сега ги трпат последиците од тоа“, рече тој.
Ернст повтори дека санкциите се со цел да го натераат претседателот Путин да направи поинаков избор во однос на руската инволвираност во украинската криза.
Не сакаме народот на Русија да страда. Тоа не е наша цел. Ништо од она што правиме не е против русите. Секако тие се фатени во изборот на нивната влада и сега ги трпат последиците од тоа.Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.
„Овие санкции би можело да бидат симнати за неколку недели или денови“, рече тој во Вашингтон откако вредноста на руската рубља падна на најниско ниво во однос на доларот и еврото.
Заменик претседателот на руската Централна банка Сергеј Швецов ситуацијата ја оцени за критична:
„Она што се случува сега не можеше да се предвиди ни во нашите најстрашни кошмари пред една година“, оцени тој.
Руските граѓани почнаа наголемо да купуваат производи и странска валута во страхување од натамошно паѓање на вредноста на рубљата.
„Сите сме шокирани. Пред еден час едно евро се менуваше за 90 рубљи. Не знам колку е сега“, вели еден жител на Москва.
Некои западни аналитичари сметаат дека за сегашните економски проблеми во Русија, освен санкциите голем удел имал и падот на цената на нафтата во светот.
Во меѓувреме Вашингтон усвои нови санкции против Русија.
Како и да е, се уште не е јасно дали најновите финансиски проблеми ќе го натераат претседателот Путин да го смени курсот.
Според американскиот државен секретар Џон Кери, Кремљ во изминативе денови направил конструктивни чекори во одржувањето на примирјето меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина.
Поранешниот американски амбасадор во Москва, Стивен Пајфер, вели дека се зависи од тоа како Кремљ гледа на целите на западните санкции.
„Може да има напредок ако оцени дека целта е само менување на курсот спрема Украина. Но, ако оцени дека цел на санкциите е уривање на владеењето на Путин, тогаш тешко дека ќе има и менување на руската политика“, вели Стивен Пајфер.