Достапни линкови

Што по откажувањето на гасоводот Јужен тек?


Русија се откажа од Јужен тек
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Русија се откажа од проектот Јужен тек за снабдување со гас на јужна Европа без да се минува територијата на Украина. Наместо тоа, Москва и Анкара се договорија за алтернативен гасовод и за пониски цени на рускиот гас за Турција.

Европската унија, која е во спор со Москва околу Украина и сака да ја намали енергетската зависност од Русија, остро се противеше на Јужен тек, проект во вредност од над 40 милијарди долари кој би влегувал во земјите на Унијата преку Бугарија.

Најавеното ново продлабочување на енергетските односи на Турција која е кандидат за Европската унија нема да биде поздравено од Брисел и Вашингтон и доаѓа во момент кога западните сили имаат воведено економски санкции врз Москва за нејзините акции во Украина и кога Европа се обидува да ја намали енергетската зависност од Русија.

Предложениот нов подводен гасовод до Турција со годишен капацитет од 63 милијарди кубни метри гас годишно нема да се соочи со вакви проблеми.

Русија реши тој да биде комбиниран со дистрибутивен центар на југоисточниот крај на Унијата, на грчко турската граница и преку кој би можело да се снабдуваат земјите на југот на Европа.

Може да се каже дека на крајот со ова се спасуваат европските потрошувачи од еден скап и непотребен гасовод преку кој и не беше предвидено дополнително ново снабдување со гас.
Карлос Паскуал, екс врвен енергетски дипломат во Стејт департментот.

„Мислам дека ставот на Европската унија во врска со ова прашање е негативен. Таа не помогна на каков било начин да се реализира овој проект. Наместо тоа, го блокираше. Ако Европа не сака да го спроведе, тогаш тој нема да биде спроведен“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на еднодневната посета на Анкара.

Тој ја обвини Европската унија што не и дозволува на Бугарија, која е многу зависна од рускиот гас, да биде суверена држава.

Тој им порача на бугарските лидери да бараат оштета од Европската комисија за загубениот профит од 400 милиони евра годишно за транзитот на гас.

Според Путин, блокирањето на проектот е против европските економски интереси и ќе предизвика големи штети.

Путин изјави дека Русија ќе ја намали цената на гасот за Турција од шест отсто, почнувајќи од следната година и се согласи да и обезбеди на Турција дополнителни три милијарди кубни метри гас годишно.

Најавеното ново продлабочување на енергетските односи на Турција која е кандидат за Европската унија нема да биде поздравено од Брисел и Вашингтон и доаѓа во момент кога западните сили имаат воведено економски санкции врз Москва за нејзините акции во Украина и кога Европа се обидува да ја намали енергетската зависност од Русија.

Околу 30 отсто од европските потреби за гас се задоволуваат од Русија, а половината од тоа оди преку Украина.

Гасоводот Јужен тек претставуваше своевидна закана за ваквата стратегија на Европската унија, особено ако се има предвид фактот дека некои земји меѓу кои Австрија, Унгарија, Србија и Бугарија во него гледаа како решение на нивните енергетски потреби, додека Брисел и Вашингтон како на цементирање на руското енергетско влијание во Европа.

Според Карлос Паскуал, кој до неодамна беше врвен енергетски дипломат во американскиот Стејт департмент, откажувањето на Јужен тек би можело да биде последица од западните санкции врз Русија.

„Може да се каже дека на крајот со ова се спасуваат европските потрошувачи од еден скап и непотребен гасовод преку кој и не беше предвидено дополнително ново снабдување со гас“, оцени Паскуал.

Тој додаде дека Русија е потенцијално подготвени да се изгради гасоводна мрежа на турско-грчката граница за снабдување на Европа со гас за да се компензира за загубата на Јужен тек.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG