Младите основци и средношколци од Куманово го сакаат спортот и голем дел од нив се вклучени во неколкуте спортски клубови во кои се тренира ракомет, кошарка, фудбал, футсал, одбојка, велосипедизам и други. На регионалните или државните натпревари не ретко се враќаат со признанија за нивните успеси, меѓутоа општ впечаток е дека младите сè повеќе пасивни и најголемиот дел од слободното време го минуваат пред компјутер.
Стручњаците оддамна забележале дека во здравото тело е и здравиот дух, а професорите по фискултурно и здравствено воспитување во училиштата и тренери во клубовите настојуваат што повеќе млади да го сфатат тоа сериозно. Но, не може да се пренебрегне дека во времето на сиромаштијата и невработеноста, младите не можат да спортуваат во клубовите поради финансиските издатоци на нивните семејства. Локалната самоуправа во рамките на можностите им дава финансиска или материјална поддршка на некои од клубовите или во училиштата.
Александар Јовановиќ, Младен Давидовиќ и Зоран Ивановски се професори по фискултура и тренери на младите ракометари, кошаркари и фудбалери.
„Куманово изобилува со потенцијал, особено во ракометот, бидејќи четири-пет години сум тренер на женски ракометен клуб, во „Академијата“. Со континуирана работа со дечињата успеавме по 12 години, кога последен пат настапувале ракометари од Гимназијата „Гоце Делчев“, сега минавме преку општинско, зонско, меѓузонско и успеавме да се пласираме на „Гимназијада“. Тоа е за охрабрување“, вели Јовановиќ, а за младите кошаркари Давидовиќ додава дека има добра генерација талентирани луѓе кои тренираат во три кумановски кошаркарски клубови.
Среќа е и што токму тие успешно поминале низ три филтри и ќе се борат за медал на републичко ниво.
„Имаме навистина квалитетни, имаме и репрезентативци во нашето училиште и веќе сме препознатливи во државата“, вели Давидовиќ.
Зоран Ивановски вели дека основата на секој спорт потекнува од училишните секции или клубови.
„Сите реномирани спортисти што биле во Куманово како еден од најспортските градови во државава произлегле од школските клубови и секции. Се надевам дека со нашите напори повторно ќе го вратиме спортот во градот и ќе го добие стариот сјај. Нашиот град конечно по едно долго затишје да се врати на спортската карта во Македонија. Да го вратиме фудбалот, ракометот, атлетиката, боксот, борењето во што бевме успешни и во младински и во сениорски категории“, вели Ивановски.
Тој додава дека во ова време децата се повеќе пасивни отколку активни. Но, физички и психички здраво дете може полесно да се справи со сите обврски што го очекуваат во животот. Некои од нив може и професионално да се определат за спортот.
Градоначалникот Зоран Дамјановски појаснува дека локалната заедница според развојната програма за спортот годишно определува околу 18 милиони денари програмски, од кои поради фискалната дисциплина се трошат за три милиони помалку, меѓутоа поголемиот дел од средствата одат на професионалните екипи, кошарка, машки и женски ракомет, футсал, турнири и манифестации.
„Поддршка на школскиот спорт е многу помала во однос на тие средства“, вели градоначалникот.
Според Дамјановски, интенција на Секторот за спорт е во иднина повеќе да се вложува во поддршката на училишниот спорт.
Куманово изобилува со потенцијал, особено во ракометот.Александар Јовановиќ, професор по фискултура и тренер.
Стручњаците оддамна забележале дека во здравото тело е и здравиот дух, а професорите по фискултурно и здравствено воспитување во училиштата и тренери во клубовите настојуваат што повеќе млади да го сфатат тоа сериозно. Но, не може да се пренебрегне дека во времето на сиромаштијата и невработеноста, младите не можат да спортуваат во клубовите поради финансиските издатоци на нивните семејства. Локалната самоуправа во рамките на можностите им дава финансиска или материјална поддршка на некои од клубовите или во училиштата.
Имаме навистина квалитетни, имаме и репрезентативци во нашето училиште и веќе сме препознатливи во државата.Младен Давидовиќ, професор по фискултура и тренер.