Достапни линкови

Инклузија преку спорт на лицата со интелектуална попреченост


Проект „Инклузија преку спорт и рекреација“ за младите со интелектуална попреченост во Куманово.
Проект „Инклузија преку спорт и рекреација“ за младите со интелектуална попреченост во Куманово.

Преку проектот „Инклузија преку спорт и рекреација“, младите лица со интелектуална попреченост од Куманово се запознаваат со спортот.

Сакаат спорт, музика, игра, без дилема прифаќаат подадена рака, препознаваат пријателство и се радуваат на љубовта. Големи се, а мали или мали со големи срца. Ги нарекуваме лица со интелектуална попреченост. Понекогаш имаме предрасуди,а веројатно имаат и тие. Премногу се сензитивни. Во Куманово полека но сигурно оваа бариера се надминува, зашто за дел од овие лица има два дневни центри во кои со помош на стручњаците и родителите, тие сè повеќе се присутни во јавноста, на културните настани.
Веќе пет месеци се случува радоста на младите со интелектуална попреченост во Куманово. Се одвива демонстрација на нивната љубов кон спортот, како резултат на проектот „Инклузија преку спортот и рекреација.
Фросина Трајковска.


Фросина Трајковска претставник од локалната администрација и мајка на дете со попречености раскажува за проектот „Инклузија преку спорт и рекреација.“ Таа вели дека ефектите се револуционерни. Со одење во спортската сала на Основното училиште „Толи Зордумис“ лицата со попречености на извесен начин се препородени, а интересно е и тоа што и основците кои посетуваат редовна настава немаат предрасуди кон овие лица. Тие прифаќаат да играат со нив, да се однесуваат сосема природно и спонтано, при тоа не сфаќајќи го тоа како обврска туку како задоволство. И како што вели една мајка, била восхитена кога овие деца нејзиниот 19 годишен син го поканиле пак да дојде во нивното училиште за да играат заедно.


„Веќе пет месеци се случува радоста на младите со интелектуална попреченост во Куманово. Се одвива демонстрација на нивната љубов кон спортот, како резултат на проектот „Инклузија преку спортот и рекреација“, при што од локалната самоуправа се вработени четворица професори по физичко и здравствено образование и еден физиотерапевт, користејќи ја поддршката од УНДП и програмата за општокорисна работа“, вели Трајковска.
И со овие лица треба некој да работи. Послушни се и прифаќаат соработка.
Дритон Ајредини, наставник по физичко воспитување.


Таа додава дека токму во ова училиште триумфирала љубовта кон спортот и заедничкото другарување .

Фатиме Зенуни е мајка на десетгодишно дете со аутизам. Таа раскажува дека нејзиниот син многу се радува кога треба да оди на спортските активности.

„Многу сака да доаѓа, секој ден вели дека сака да оди да игра топка.“

Со оглед на аутизмот Фатиме вели дека како што него го прифаќаат така и тој возвраќа.

„Освен со моите сестри и со нивните деца, кај други роднини и пријатели и ние не го носиме. Жал ми е, затоа.“

Друга мајка Фатиме Саити за својот син со церебрална парализа вели дека откако почнал да доаѓа во спортската сала зајакнал физички.

„Сега му е поарно и сака да доаѓа тука.“

Дритон Ајредини е млад невработен наставник по физичко и здравствено воспитување. Тој со уште еден колега е ангажиран да работи со овие лица.

„И со овие лица треба некој да работи. Послушни се и прифаќаат соработка.“

Дритон вели дека и за работа со овие лица треба упорност, љубов и разбирање.

Според Трајковска во очекување се да биде усвоен нов проект.

„Продолжетокот би бил не само со физичките активности, туку и со збогатување на содржините со драмски, музички, ликовни и работооспособување, доколку биде усвоен и новиот проект“, вели Трајковска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG