Здружението на граѓани за лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст „Порака Наша“ од Куманово втора година го спроведува проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост, што покажува дека јавните институции малку се запознаени со бенефициите од законската рамка во Македонија, вели Благица Димитровска од ова здружение.
„Дваесет просечни плати во Македонија неповратни средства и ослободување од плаќање придонеси на самото лице. Тоа се однесува на јавните институции и редовните фирми.“
Лицата со попреченост, според Димитровска, можат да работат заедно со останатите вработени, а не како што се практикува, тие да бидат одделени и затворени со лица со попречености како нив. Таа вели дека при посета на фирмите и институциите во Североисточниот регион, претставниците од здружението наидуваат на заинтересираност.
„Секојдневно заинтересираноста е сè поголема. Досега во нашиот регион имаме вработено 14 лица во различни фирми и на различни позиции. Зависно од образованието и способностите и можностите кои ги поседува. Досега има вработени и во администрација, но и производство, како што е чевларство на пример“, вели Димитровска.
Од здружението посредуваат при вработување, како и обезбедување ментори за одредени работни места. Менторите им помагаат на овие лица што побрзо и полесно да се адаптираат на работното место, како и работната средина која треба да се навикне на нив и да ги прифати.
Злоупотреба на лицата со инвалидитет или попречености беше присутна до последната измена на законот, меѓутоа, сега тоа не би требало да се случува, смета Димитровска.
„Сега фирмата има обврска да го држи лицето на работа девет месеци, да му дава плата и придонеси, но лицето да биде на работното место. Порано лицето можеше да биде вработено само на хартија“, вели таа.
Има и други недостатоци, вели Димитровска, за што според неа постои советодавен борд составен од лица со попреченост и со претставници од Министерството за труд и социјална работа. Ќе се одржуваат јавни дебати за што повеќе јавноста да биде запознаена со вработување на овие лица. Постојат и механизми за следење на работата на овие лица, а и оние кои се залагаат и помагаат при нивното вработување ги посетуваат на нивните работни места. Меѓутоа Димитровска вели дека работодавачите се жалат што дел од вработените лица не доаѓаат редовно или на време на нивните работни места. Доколку се случи некое од тие лица да остави работа, фирмата е должна да вработи друго лице.
Вработените, пак, кои во нивна средина имаат вакви лица со тек на времето ги прифаќаат и се навикнуваат:
„Меѓутоа на самиот почеток е многу тешко бидејќи кај нас не се практикува да работат заедно“, вели Димитровска.
Во Дневниот центар „Порака Наша“ во Куманово со лицата со интелектуална попреченост работи стручен тим, а дефектологот Фросина Симоновска вели дека вработувањето е последната алка во процесот на рехабилитација на оваа категорија. Во таа насока воведено е ново подрачје за воведување на овие лица во работен процес.
„Целта на ова подрачје е нашите корисници да ги запознаеме со потенцијалните работни места кои што ги нудат фабриките и на кои тие би можеле да бидат вработени. Корисниците се презадоволни од посета на фабрики и производствени погони.“
Симоновска додава дека корисниците на Дневниот центар би можеле да извршуваат елементарни работни задачи, а некои од нив можат да бидат и асистенти на некои работни места, се подразбира со помош.
Секојдневно заинтересираноста е сè поголема. Досега во нашиот регион имаме вработено 14 лица во различни фирми и на различни позиции. Зависно од образованието и способностите и можностите кои ги поседува. Досега има вработени и во администрација, но и производство, како што е чевларство на пример.Благица Димитровска, Здружение на граѓани „Порака Наша“.
„Дваесет просечни плати во Македонија неповратни средства и ослободување од плаќање придонеси на самото лице. Тоа се однесува на јавните институции и редовните фирми.“
Лицата со попреченост, според Димитровска, можат да работат заедно со останатите вработени, а не како што се практикува, тие да бидат одделени и затворени со лица со попречености како нив. Таа вели дека при посета на фирмите и институциите во Североисточниот регион, претставниците од здружението наидуваат на заинтересираност.
„Секојдневно заинтересираноста е сè поголема. Досега во нашиот регион имаме вработено 14 лица во различни фирми и на различни позиции. Зависно од образованието и способностите и можностите кои ги поседува. Досега има вработени и во администрација, но и производство, како што е чевларство на пример“, вели Димитровска.
Целта на ова подрачје е нашите корисници да ги запознаеме со потенцијалните работни места кои што ги нудат фабриките и на кои тие би можеле да бидат вработени. Корисниците се презадоволни од посета на фабрики и производствени погони.Фросина Симоновска, дефектолог.