Достапни линкови

Згрижување на децата со интелектуална попреченост


Во Куманово наскоро ќе биде отворен целодневен престој за основци со интелектуална попреченост. Во прво време групата ќе работи со седум до десет деца со едно стручно лице дефектолог.

Во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово во кое настава посетуваат основци со интелектуална попреченост се разгледува можноста за реализација на проект за целодневен престој на овие деца. Со тоа децата ќе бидат згрижени подолг период во текот на денот, а не само кога се на настава. Ваквиот начин на згрижување ќе биде од помош не само на децата,туку и на нивните родители и семејства.
Планирано е една група дечиња за почеток, бидејќи се со различен хендикеп. Групата ќе работи со седум до десет деца со едно стручно лице дефектолог.
Елена Марковска, дефектолог.

Елена Марковска дефектолог вели дека:

„Начинот на организирање е пред или по наставата. Целите на проектот се многубројни бидејќи се работи за многу чувствителна група деца. Прва и основна цел е правилно организирање на слободното време и ослободување на родителите од секојдневието, психосоцијална поддршка, едукативна, креативна, социјална поддршка,односно во сите сфери на равојот и за учениците и за родителите.“

РСЕ: Како е планирано?

„Планирано е една група дечиња за почеток, бидејќи се со различен хендикеп. Групата ќе работи со седум до десет деца со едно стручно лице дефектолог.“
Инклузијата е во тек и тоа е процес кој трае и ќе трае, но оние деца кои не можат да најдат место во редовните паралелки ќе дојдат кај нас каде што ќе се работи во помали групи.
Милена Илиќ Пешиќ, дефектолог.

За анимирање на јавноста, според дефектологот Милена Илиќ Пешиќ, e организирана трибина во рамките на училиштето за да се обезбедат:

„Финансиски средства, простор, кадар кој ќе работи со овие дечиња.“

РСЕ: На која возраст ќе бидат децата?

„Тоа ќе бидат децата кои се вклучени во воспитно образовниот процес во нашето училиште. Ние имаме дечиња од прво до деветто одделение, а веројатно ќе бидат згрижени од прво до петто, евентуално од шесто и седмо одделение.“

Со оглед на тоа што се планира децата со интелектуална попреченост да бидат вклучени во настава во редовните паралелки, дефектологот Илиќ Пешиќ објаснува:

„Инклузијата е во тек и тоа е процес кој трае и ќе трае, но оние деца кои не можат да најдат место во редовните паралелки ќе дојдат кај нас каде што ќе се работи во помали групи.“

Психологот Иво Благојевиќ кој неколку години работи во дневен центар за лица со интелектуална попреченост до 18 годишна возраст за ваков проект вели:

„Според искуствата од 8-9 години лицата со посебни потреби се поделени според тежината на хендикепот. Добро е да постои во училиштата, но во нив ќе бидат деца со лесна попреченост“, вели Благојевиќ.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG