Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст „Порака Наша“ во Куманово, во кој се згрижени 21 лице, се соочува со финанансиски проблеми. Поради тоа често пати Центарот е во неизвесност дали ќе може да опстане и да функционира. Иако како што велат родителите поради ограничениот простор и капацитет на постоечкиот, уште 40-ина лица се на листа-чекање, поради што е неопходно не само да се одржува овој простор, туку и да се прошири.
Благица Димитровска претседателка на Здружението „Порака Наша“ вели дека тие постојано се во потрага по обезбедување средства, што несомнено е проблем кој се пренесува од месец во месец и од година во година.
„Поднесовме барање до претседателот на Советот и до градоначалникот да бидеме во стапката за социјална заштита, бидејќи веќе две години имаме делегирана надлежност за социјална заштита, раководење со Дневен центар како социјална услуга, местото е во социјална заштита.“
Од Министерството за труд и социјални работи имаат решение дека вршат услуги од социјална заштита, а според Димитровска тие се финансираат од средствата кои главно ги добиваат од невладините организации. Таа вели дека во програмата на Општината Куманово за социјална заштита се наоѓа и Дневниот центар „Порака Наша“.
Татјана Арсовска додава дека уште 40 лица чекаат остварување на своето право да излезат од дома и да се вклучат во инклузијата, а одамна е проблем оддржување на Центарот, бидејќи не им се исплаќаат месечните средства. Тие годината ја завршија со околу 400 илјади денари неисплатени средства.
РСЕ: Доколку не ви бидат исплатени средствата што ќе се случи со Дневниот центар?
„Што може да се прави, единствено да се затвори!“
Кадри Кадриу родител на дете кое се уште нема 18 години, од првиот ден е активен и се залага Дневниот центар да живее бидејќи е од големо значење за лицата на кои им е неопходен, а и на нивните семејства.
„Се надевам дека и другите ќе имаат слух за судбината на нашите деца,а ние како родители нема да се штедиме, ако треба и за грло ќе фатиме.Треба да се направи нешто состојбата да се подобри и да се прошири центарот.Ако сме ние тие несреќни луѓе што не снашло ова сега уште некој кој може да направи нешто, а не сака, нека се држи добро. Нема друго чаре! Не само советот, туку ако треба и парламентот ќе го рушиме“, револтиран е Кадриу.
Здружението „Порака Наша“ во Куманово има 850 членови на кои им се неопходни разновидни социјални услуги. Во два дневни центра за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст и лица до 18 годишна возраст, вториот под надлежност на Министерството за труд и социјални работи до сега се згрижени вкупно 41 лице.
„Значи 800 членови остануваат без никаква поддршка“, вели Димитровска.
Поднесовме барање до претседателот на Советот и до градоначалникот да бидеме во стапката за социјална заштита, бидејќи веќе две години имаме делегирана надлежност за социјална заштита, раководење со Дневен центар како социјална услуга.Благица Димитровска, претседателка на Здружението „Порака Наша“.
Благица Димитровска претседателка на Здружението „Порака Наша“ вели дека тие постојано се во потрага по обезбедување средства, што несомнено е проблем кој се пренесува од месец во месец и од година во година.
„Поднесовме барање до претседателот на Советот и до градоначалникот да бидеме во стапката за социјална заштита, бидејќи веќе две години имаме делегирана надлежност за социјална заштита, раководење со Дневен центар како социјална услуга, местото е во социјална заштита.“
Се надевам дека и другите ќе имаат слух за судбината на нашите деца,а ние како родители нема да се штедиме, ако треба и за грло ќе фатиме.Треба да се направи нешто состојбата да се подобри и да се прошири центарот.Ако сме ние тие несреќни луѓе што не снашло ова сега уште некој кој може да направи нешто, а не сака, нека се држи добро. Нема друго чаре! Не само советот, туку ако треба и парламентот ќе го рушиме.Кадри Кадриу, родител.