Во денешно време се соочуваме со епидемија на деформации на системот на движење особено на рбетниот столб, главно кај помладата популација. Тоа е последица на поминување голем дел од времето пред компјутерите. Основците пак, се соочуваат и со друг проблем, односно со носење тешки ранци за школо, вели доктор Стефан Трајановски, ортопед хирург, кој заедно со неговиот колега Минур Бајрами неодамна по четиригодишна пауза го рестартираа Ортопедското одделение во Општата болница во Куманово.
Доктор Трајановски додава дека е неопходна превентива за израснување на здрава популација и посочува:
„Единствена соодветна превенција и заштита на системот за движење е активен живот. Човекот не е создаден за професионален спорт, туку природата го создала да се движи. Професионалниот спорт е нешто друго, а за правилен развој е потребно рекреативно занимавање со било каков спорт,особено во периодот на раст и развој.“
Што се однесува до тежината на ранците доктор Трајановски вели дека има некакви обиди децата книгите да ги оставаат во училиштата и да не го носат товарот секој ден, меѓутоа, се уште тоа не е доволно застапено.
„Би требало барем тешките ранци кои мора да ги носат, а кои ги оптеретуваат да ги носат на двете рамења, подеднакво тежината да биде распоредена. И тоа не е добро и не би требало да бидат потешки од пет, седум до осум килограми.“
РСЕ: Како влијае начинот на исхраната врз коскениот систем?
„Во ова наше поднебје и тоа е многу битно. Ние немаме толку риба во нашата секојдневна исхрана. Нови студии за жителите од континенталниот дел препорачуваат Д3 капки и вигантол за превенција од рахит, а по овие студии треба и во повозрасните години да се земаат.“
Според доктор Трајановски некои лекари имаат поинакво мислење,сметајќи дека тие лекови се акумулираат во организмот и имаат негативно влијание врз здравјето, меѓутоа тој вели дека тоа не е точно и дека тие превенираат од остеопорозата. Тој освен Д3 капки,препорачува и млеко и млечни производи и риба, исхрана со многу зеленчук и овошје, што подразбира менување на диететско- хигиенска навика кај нашите луѓе.
Рестартирање на Ортопедското одделение во јавното здравство во Куманово, што ги покрива и Општините Крива Паланка, Кратово, Липково и Старо Нагоричане е од големо значење не само за превенција и лекување на заболувањата од оваа област, особено за граѓаните кои не можат да ги платат услугите во приватните ортопедски амбуланти.
Пациентите кои бараат помош во јавното здравство не го кријат задоволството и велат:
„Немаме пари. Со што, со социјална помош? Немаме со што.“
РСЕ: Да немаше овде ортопед, што ќе правевте?
„Ќе седевме така,сега е подобро. Мажот не работи, пари нема“, вели мајка на повредено момче.
А друг граѓанин додава:
„Првпат сум тука, но според ова што ми направија задоволен сум. Се надевам дека нашето јавно здравство е добро и дојдов од доверба.“
Пред четири децении кумановската болница имаше Ортопедско одделение. Со приватизацијата и трансформацијата на здравството остана без ваков тип стручен кадар.
Доктор Трајановски вели дека за четиригодишна пауза жителите од пет општини биле без соодветна здравствена заштита и појаснува:
„Пред се во превентивниот дел без соодветна заштита беа вродени исчашувања на колкчиња кај бебињата. А во клиничкиот дел соодветна терапија на фрактури на системот на движење. И покрај тоа што имавме еден травматолог заради недостаток на соодветен ортопедски кадар луѓето и за најбанални потреби не можеа да примаат заштита кај повредите на локомоторниот систем. А да не зборуваме за стекнати и вродени пореметувања на системот за движење. Обемот на хируршкиот оддел е повеќе травматолошки.“
Меѓутоа доктор Трајановски додава дека ова одделение се соочува со проблем од недоволна техничка опременост. Тој се надева дека во блиска иднина ќе бидат обезбедени неопходни современи апарати првенствено за откривање, дијагностицирање и пружање соодветна ортопедска здравствена заштита на пациентите.
Единствена соодветна превенција и заштита на системот за движење е активен живот. Човекот не е создаден за професионален спорт, туку природата го создала да се движи. Професионалниот спорт е нешто друго, а за правилен развој е потребно рекреативно занимавање со било каков спорт,особено во периодот на раст и развој.Доктор Стефан Трајановски, ортопед хирург на Ортопедското одделение во Општата болница во Куманово.
Доктор Трајановски додава дека е неопходна превентива за израснување на здрава популација и посочува:
„Единствена соодветна превенција и заштита на системот за движење е активен живот. Човекот не е создаден за професионален спорт, туку природата го создала да се движи. Професионалниот спорт е нешто друго, а за правилен развој е потребно рекреативно занимавање со било каков спорт,особено во периодот на раст и развој.“
Што се однесува до тежината на ранците доктор Трајановски вели дека има некакви обиди децата книгите да ги оставаат во училиштата и да не го носат товарот секој ден, меѓутоа, се уште тоа не е доволно застапено.
„Би требало барем тешките ранци кои мора да ги носат, а кои ги оптеретуваат да ги носат на двете рамења, подеднакво тежината да биде распоредена. И тоа не е добро и не би требало да бидат потешки од пет, седум до осум килограми.“
РСЕ: Како влијае начинот на исхраната врз коскениот систем?
Првпат сум тука, но според ова што ми направија задоволен сум. Се надевам дека нашето јавно здравство е добро и дојдов од доверба.Анкетиран граѓанин.