Достапни линкови

Електронското здравство прегоре од желба


Спроведувањето на реформата за електронско здравство е избрзана сметаат дел од лекарите. Тие велат дека проблемот е во тоа што секаде нема соодветни и еднакви услови за спроведување на таа реформа.

Задолжителното електронско закажување на прегледи, електронските рецепти и електронските здравстевни картички им причинуваат главоболки како на пациентите така и на лекарите поради пробемите кои се појавија во системот. Спроведувањето на реформата за електронско здравство е избрзана сметаат дел од лекарите. Тие велат дека проблемот е во тоа што секаде нема соодветни и еднакви услови за спроведување на таа реформа. Поранешниот претседател на лекарската комора, доктор Владимир Борозанов вели дека не може да се очекува дека електронската картичка ќе се користи во рурални средини каде што нема стабилна интернет конекција.
Во едно село во Мавровски анови каде што таа амбуланта нема ни стабилна струја, нема ништо, или има компјутер од кој знае која генерација, вие од таа амбуланта очекувате да стапи во контакт со највисоките здравстевни институции и да обезбеди прием на неговиот пациент. Која е овде логиката?
Владимир Борозанов, поранешен претседател на лекарската комора.

„Во едно село во Мавровски анови каде што таа амбуланта нема ни стабилна струја, нема ништо, или има компјутер од кој знае која генерација, вие од таа амбуланта очекувате да стапи во контакт со највисоките здравстевни институции и да обезбеди прием на неговиот пациент. Која е овде логиката?“

Борозанов вели дека прво мора да се констатира дека електронското здравство е сериозен проект кој што треба да се спроведува етапно и долго време да се тестира се додека не се добијат конечните посакувани резултати. Тој додава дека проблемот започнува со електронската картичка и системот на кој таа треба да функционира затоа што таа во себе содржи само 10 проценти од потребните податоци за пациентот кои главно се однесуваат на осигурителните податоци и рецептите кои му се препишуваат. Борозанов смета дека главен проблем во спроведувањето на проектот е избрзаноста на министертвото.
Најчесто проблемите настануваат како резултат на тоа дека очекувањата луѓето кои што ја креираат политиката се едни, додека тие кои што треба да ја имплементираат новата политика немаат доволно информации или не се доволно спремни за да ги спроведат таквите одлуки во пракса и потребно е одреден период на адаптација, од неколку недели или месеци за работите си дојдат на место.
Владимир Лазаревик, поранешен заменик министер за здравство.

„Решил министерот да покаже дека тоа ќе го направи како и се друго до сега и го „бутка“ проектот како што тој го замислил да добие поени дека уште еден проект е завршен од Министертвото за здравство без обзир на квалитетот и последиците, како и се друго до сега. Тоа изгледа е карактерна особина.“

Поранешниот заменик министер за здравство Владимир Лазаревик вели дека секогаш кога се спроведува голем проект се појавуваат проблеми, а сега тоа е случајот електронскиот рецепт.

„Најчесто проблемите настануваат како резултат на тоа дека очекувањата луѓето кои што ја креираат политиката се едни, додека тие кои што треба да ја имплементираат новата политика немаат доволно информации или не се доволно спремни за да ги спроведат таквите одлуки во пракса и потребно е одреден период на адаптација, од неколку недели или месеци за работите си дојдат на место“, вели Лазаревик.

Тој додава дека не е невообичаено да има проблеми при едни вакви крупни реформски процеси. Треба да им се остави време, да се даде шанса, да се најде начин да се моделираат проблемите со кои се соочуваат и да се види како ќе се спроведе целиот проект во пракса а при тоа да се покаже и толеранција, објаснува Лазаревик.

До сега до Фондот за здравствено осигурување пристигнале над милион барања за издавање на електронска здравствена картичка. По проблематичниот старт на употребата на електронските рецепти, од Министертвото за здравство излегоа со писмената реакција дека вчерашниот ден ќе го сметат како пилот фаза, а повторно во функција системот ќе биде ставен на први август откако ќе заврши тест периодот. Според нивното соопштение вчерашниот ден поминал со маргинални проблеми.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG