Достапни линкови

И на најтопло се работи, кога мора!


И покрај апелот на Министерството за здравство компаниите да ја реорганизираат работата на луѓето кои се директно изложени на сонце или да се скрати работното време, има работници кои работат во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот.

На градежните работници малку им помага апелот на Министерството за здравство компаниите да ја реорганизираат работата на луѓето кои се директно изложени на сонце или да се скрати работното време. Напротив, има работници кои работат во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот. Според Никола Велковски од Сојузот на стопански комори изгледа на некои работниците спас ќе им донесе само промената на времето, бидејќи нивната препорака со која работодавачите се поттикнуваат на похуман однос кон вработените не се применува доследно.
Гледам дека еден дел од фирмите не се придржуваат до препораките, што не е добро, тоа не смее да се случи, затоа што последиците, не дај боже, може да бидат и трајни по здравјето на вработените.
Никола Велковски, Сојуз на стопански комори.

„Гледам дека еден дел од фирмите не се придржуваат до препораките, што не е добро, тоа не смее да се случи, затоа што последиците, не дај боже, може да бидат и трајни по здравјето на вработените“, вели Велковски.

Според градежните синдикални претставници, во најголемите градежни компании, работниците престануваат да работат на отворено при високи температури, меѓутоа, според нивните сознанија, помалите фирми избегнуваат да ги прифатат препораките.
Сите компании каде што синдикатот не е организиран не можеме да ви кажеме дали работат или не работат, треба да ги прашате нивните работодавачи. Во оние компании каде што синдикатот има организирано членови, се почитува заклучокот и не се работи на високите температури.
Иван Пешевски, Синдикат за градежништво.

„Сите компании каде што синдикатот не е организиран не можеме да ви кажеме дали работат или не работат, треба да ги прашате нивните работодавачи. Во оние компании каде што синдикатот има организирано членови, се почитува заклучокот и не се работи на високите температури“, изјави Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво.

Од Синдикатот за градежништво реагираат и дека контролата на надлежните институции е нецелосна и селективна, а препораката до фирмите да запрат со работа од 11 до 16 часот се почитува делумно. Според нивните сознанија, од 4000 компании, само најголемите градежни компании запреле со работа.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека се направени околу 100 инспекциски надзори од кои поголемиот дел редовни и неколку контролни, при што се донесени 21 решение за забрана за работа поради неспроведување на мерките, а донесени се и 11 решенија за отстранување на констатирани недостатоци од Законот за безбедност и здравје при работа.

Од градежниот синдикат предлагаат препораките да се вметнат во тендерските и облигационите договори со што би се намалил обемот на работа во кризните денови, без никој да претрпи штета, воедно би се заштитилe и безбедноста и здравјето на работниците.

Велковски, пак, од Сојузот на стопански комори вели дека постои, не дупка во законот, туку во неговата примена.

„Треба да се знае, и надзорните органи, дека роковите се продолжуваат за онолку време колку што има непогода, ова е временска непогода. Не го прифаќам јас тоа, некогаш кога ќе речат – Знаете, ние сме врзани со рокови“, вели Велковски.

Според новите законски измени, за оние фирми кои нема да се придржуваат до препораките, се предвидени казни од 5 до 8 илјади евра за правното лице, и 500 до 1000 за раководното лице.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG