Температурите во Европа веќе десетина дена се рекордно ниски. Студениот бран однесе неколку стотици животи. Метеоролозите предупредуваат дека екстремно студено ќе биде за време на наредниот викенд. Што е причината на ваквата појава?
Oдговорот е на Исток, кај непрегледната рамнина во Русија. Во моментов постои интензивен висок притисок над Европа кој се шири од Сибир на исток до Британија на запад.
Овој висок притисок значи јасно и ведро небо, и што е посебно важно, така е во текот на ноќите. На лето ова предизвикува топлотен бран, но кога се случува во овој период од годината е токму спротивното. На лето северната хемисфера е свртена кон Сонцето. Летните денови се подолги од ноќите и аголот на Сонцетото на небото доведува неговите зраци директно да паѓаат на површината на Земјата.
Во зима се случува обратното. Ноќите се подолги од деновите, а колку што сте понасевер тие се се подолги и подолги, а наваленоста на земјината оска значи дека северната хемисфера е подалеку од Сонцето. Тогаш сончевите зраци само ја допираат земјината површина и сосема малку ја загреваат.
Помалку топлина за пократко време значи пониски темпертури, односно она што го гледаме сега. Причината за ова лежи во интензитетот на високиот притисок. Тоа значи дека студениот воздух од горните слоеви се спушта долу и ги суши облаците кои се своевидна покривка која спречува топлината акумулирана во текот на денот да исчезне на небото.
Како што имаме многу кратки денови, а долги ноќи значи дека поголемиот дел на Европа деновиве е без топлотна изолација. Ако ваквите услови траат тогаш станува се постудено и постудено.
Во северната хемисфера воздушните текови кружат околу зоната со висок притисок во правец на стрелките на часовникот. Високиот притисок врз Русија значи дека воздухот во Европа доаѓа од исток и затоа носи ниски темеператури.
Може да се очекува извесно затоплување само доколку воздушните бранови почнат да доаѓаат од некои поголеми потопли предели, на пример тоа најдобро би било од морето.
Токму затоа, различни делови на Европа имаат различни температури: од минус 11 во Британија, до минус 39 степени во Полска и Чешка, како и, поради нискиот воздушен притисок кој доаѓа од Медитеранот, изобилни врнежи од снег, наместо дожд во југоисточните делови на Континентот, посебно Балканот.
Според временската служба на Обединетите нации, темпертурите ќе останат ниски се до март.
„Можеме да очекуваме промена на сегашниот студен бран некаде од почетокот на идната недела, па до крајот на месецов“, вели Омар Бадур од Светската метеоролшка организација.
Секако, тоа најмногу важи за Европа, бидејќи Северна Америка, а особено Соединетите Држави уживаат во многу блага зима со невообичаено високи сезонски температури и без врнежи од снег. Сепак, според прогнозите, зимата годинава може да потрае малку подолго.
Oдговорот е на Исток, кај непрегледната рамнина во Русија. Во моментов постои интензивен висок притисок над Европа кој се шири од Сибир на исток до Британија на запад.
Можеме да очекуваме промена на сегашниот студен бран некаде од почетокот на идната недела, па до крајот на месецов.Омар Бадур, Светска метеоролшка организација.
Во зима се случува обратното. Ноќите се подолги од деновите, а колку што сте понасевер тие се се подолги и подолги, а наваленоста на земјината оска значи дека северната хемисфера е подалеку од Сонцето. Тогаш сончевите зраци само ја допираат земјината површина и сосема малку ја загреваат.
Северна Америка, а особено Соединетите Држави уживаат во многу блага зима со невообичаено високи сезонски температури и без врнежи од снег. Сепак, според прогнозите, зимата годинава може да потрае малку подолго.