Иако снегот заврна кога и му е време - во јануари, тој ги изненади службите за расчистување на улиците во Битола. Падна за бадниковата вечер, а и по толку денови не е мал бројот на улици заковани во снег и мраз. Исчистени се главните улици, а на споредните маки мачат и возачите и пешаците.
Коловозите се лизгави, единственото чисто место се трагите издлабени во снегот од возилата во вид на шини, а останатите површини заедно со тротоарите покриени со замрзнат снег. Ваквата состојба со улиците придизвика штети кај возилата, а и скршеници кај граѓаните.
„Вчера го скршив браникот од автомобилот, кој ќе ја плати штетата. Како во последно време што не се одржуваат улиците не знам кога друг пат. Во повисоките населби како Баирот луѓето слегуваат со санки в град“, раскажува еден битолчанец.
„Замрзнато е. Битола како да е со две улици покрај Драгорот и Партизанска, други улици како да не постојат. Друго ништо не е исчистено. Тешко е за движење се влечкаме.“
„Сум паднал два пати, толку пати и сум излегол надвор.“
„Не се чисти споредните улици, главните се исчистени. Беше невреме. Тротоарите не се исчистени. Треба да бидат почисти. Локалната самоуправа треба да преземи некои работи.“
„Тешко е, се движиме со лизгање“, регираат битолчани.
Од јавното претпријатие „Нискоградба“ задолжено за расчистување на улиците, велат дека нивните служби веќе неколку денови интервенираат на терен. Првите часови по паѓањето на снегот не можеле да ја започнат акцијата за чистење на сообраќајниците зашто во градот немало струја да наточат гориво. Откако состојбата се нормализирала ги исчистиле главните односно улиците од прв приоритет, а на другите се работи, како и на Широк Сокак кој се уште не е ослободен од наслагите мраз. Надлежните велат дека во расчистувањето на градот и околните улици фрлиле 28 тони сол и 14 метри кубни ризла.
Вчера го скршив браникот од автомобилот, кој ќе ја плати штетата. Како во последно време што не се одржуваат улиците не знам кога друг пат. Во повисоките населби како Баирот луѓето слегуваат со санки в град.Анкетиран граѓанин.