Со денови тешко прооден е регионалниот пат за битолскиот дел на Мариово. Иако снегот падна пред две недели, коловозот е делумно исчистен, а на височините се уште има снег и мраз. Патот се минува само со теренско возило поради што 200 жители од мариовски села Груниште, Зовиќ, Будимирци, Градешница, Старавина и Рапеш со денови се отсечени од светот. До селата одвај стигнуваат комбињата со прехрамбени продукти и лековите. Теренот е недостапен за други посетители.
Деновиве група битолчани кои тргнале со автомобил да ги прослават новогодишните празници во викендица во Рапеш, поради лизгавиот коловоз со часови останале загавени во мариовските планини и одвај успеале да пронајдат помош.
„Претходно од општината имавме информации дека патот е исчистен, но таму имаше мраз и снег. Патот воопшто не беше чист и заглавивме со возилото. Два саати премрзнавме. Таму е планина и има волци. Два километри одевме пеш, телефонот да добие мрежа и да побараме помош. На крај дојдоа наши роднини со лада нива и не зедоа“, вели Пеце Митревски од Битола.
Од општината Новаци, во чии рамки е Мариово, велат дека одржувањето на овој патен правец не е во нивна надлежност, туку на Македонија пат.
„Имавме проблем околу расчистувањето на патот Р509. Подолго време тие села беа отсечени од светот. Направивме напори да ги одблокираме тамошните села. Не беше вина на општината зашто ние сме задолжени да ги чистиме и одржуваме локалните патишта. Тоа е регионален пат во договор со Македонија пат и со механизација од РЕК е ослободен некако патот“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Патот од Битола за Мариово е долг 50-тина километри, од кои само 30 се асфалтирани, а остатокот е земјен пат кој скоро скоја зима е непрооден.
Претходно од општината имавме информации дека патот е исчистен, но таму имаше мраз и снег. Патот воопшто не беше чист и заглавивме со возилото. Два саати премрзнавме. Таму е планина и има волци. Два километри одевме пеш, телефонот да добие мрежа и да побараме помош.Пеце Митревски, жител на Битола.