Се враќа стариот сјај на зимско рекреативниот центар Попова Шапка. Овој ски центар е подготвен да ги пречека првите туристи за претстојната зимска сезона и повторно да го врати епитетот за најатрактивен и најпосетен зимско туристички центар во државата. Ски лифтовите и жичарниците се ремонтирани, а најатрактивната ски патека Цери Пашина е проширена.
За потребите на љубителите на скијањето направен е уште еден ски лифт, обновени се и хотелите. Изминатиот период саниран е и патот кој од Тетово води кон Попова Шапка, а кој повеќе години беше во катастрофална состојба. Според директорот на Друштвото за угостителство и туризам, Попова Шапка, Петре Димитриевски се е подготвено за старт на најуспешната ски сезона на овој туристички центар, се чекаат само врнежите од снег.
„Сменети се ски лифтовите, направени се патиките, посебно Цери Пашина долниот дел е проширен, три извора се фатени во еден извор, така што Цери Пашина ќе биде многу подобра за скијање.“
Сите ски лифтови и жичниците со капацитет за превоз на околу 6 илјади скијачи за еден час се подготвени за старт, а на првите гости чекаат и хотелите Славија и Попова Шапка, кои се со сместувачки капацитет од близу 400 легла.
Од Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка оваа година ќе обезбедат подобри услови за екстремно скијање. На месноста Јелак на северната страна од ски центарот, скијачите ќе имаат можност да скијаат на над 2000 метри надморска височина, а до таму ќе се превезуваат со специјален ратрак. Новитет за годинешнава ски сезона е ноќното скијање.
„Тури од Норвешка и Финска ќе престојуваат на Попова Шапка и ќе го користат екстремното скијање на Јелак од 1420 се качуваат на над 2000 метри и таму скијаат. Ќе биде осветлен Тетекс, двете патеки, така што прв пат ќе имаме професионално осветлување.“
Поставувањето на целосна мрежа на вештачки снег на ски центарот, изградба на катна гаража за паркинг простор, се само дела од новитетите кои на скијачкиот центар Попова Шапка се планираат за наредната ски сезона. Убавината на природата и атрактивноста на патеките, Попова Шапка веќе ја има, модернизиран и обновен, овој центар во иднина ќе претендира да стане еден од најатрактивните центри на Балканот и пошироко.
Тури од Норвешка и Финска ќе престојуваат на Попова Шапка и ќе го користат екстремното скијање на Јелак од 1420 се качуваат на над 2000 метри и таму скијаат. Ќе биде осветлен Тетекс, двете патеки, така што прв пат ќе имаме професионално осветлување.Петре Димитровски,директорот на Друштвото за угостителство и туризам, Попова Шапка.