Успешното и навремено извршување на сите подготовки во пресрет на летната туристичка сезона, заедно со реализираниот проект за реконструкција и модернизација на хотелите придонесе да се зголеми интересот на туристите за Попова Шапка, изјави директорот Петре
Димитриески.
„Од минатата година имаме 20% повеќе туристи и тоа посебно имаме туристи од Хрватска, Бугарија, Чешка. Последните туристи беа од Загреб, а посебно оваа година имаме и повеќе домашни туристи кои го користат викендот на убавините на Шапка, едни одат на прекрасните убавини на Лешница, а други за собирање на боровинки.“
Чистиот воздух, прекасната природа, зелените падини на Шара се магнет како за домашните, така и за странските туристи. Десетина степени пониската дневна температура во споредба со градовите нуди мошне поволни услови за организирано или пак индивидуално користење на дел од годишниот одмор во летниот период. Друштвото за Угостителство и туризам, Попова Шапка располага со повеќе хотели на Попова Шапка, чиј вкупен капацитет од 350 легла им на целосно располагање на туристите.
„Попова Шапка во лето нуди чист воздух, воздушна бања, има боровинки, планиниски чај, за сите љубители на планината е одлично место за одмор, преубав поглед, има и тури до Титов врв еден од највисоките врвови на Балканот, така што е убаво и за рекреација и за добар одмор.“
Покрај излетниците и туристи во летниот период на Попова Шапка во многу поголем број во споредба со претходните години пристигнуваат и планинари од голем број планинарски клубови во Македонија, како и од странство. Ноќеваат во угостителско туристичките објекти на Попова Шапка, а дење планинарат во околината и поодалечените предели низ Шар Планина. Времето на Попова Шапка се исполнува на различни начини, со прошетки и пешачење, берба на боровинки, а за дополнителна рекреација и релаксација на туристите на располагање им е и базенот за пливање кој се наоѓа во хотелите.
Од минатата година имаме 20% повеќе туристи и тоа посебно имаме туристи од Хрватска, Бугарија, Чешка. Последните туристи беа од Загреб, а посебно оваа година имаме и повеќе домашни туристи кои го користат викендот на убавините на Шапка