Достапни линкови

Високи температури, ризик за труење со храна


Внимавајте каде јадете
Внимавајте каде јадете

Здравствените работници со предупредување до граѓаните во период на високи температури да внимаваат од каде набавуваат и конзумираат хранa.

Летото е во полн ек, а од утре метеоролозите најавуваат дека не очекува жешко време карактеристично за овој период од годината. Високите температури се најпогодни и за појава на труење со храна, бактерии и мачнини во желудникот. Деновиве пет лица од Струмица добија труење со храна во една локална пицерија. Во изминативе години масовно труење со храна имаше и во сендвичара во
Да се конзумира храна во угостителски објекти каде што има сертификати, а веќе сите ги истакнуваат, ризично е кога се хранат во киосците.

Гевгелија и при конзумирање на еклери и колачи од една слаткарница во Скопје. Доктор Димитар Ѓорѓев вели дека најризична храна е месото и прехранбените продукти произведени од јајца. Според него, граѓаните треба да внимаваат при изборот на угостителските објекти.

„Ние не сме сигурни дали сите луѓе кои што работат со храна имаат редовни прегледи, дали се бацилоносители и во какви услови ги чуваат намирниците. Значи тоа е еден тип на резерва, да се конзумира храна во угостителски објекти каде што има сертификати, а веќе сите ги истакнуваат, ризично е кога се хранат во киосците.“

Ѓорѓев додава дека треба да се води грижа и за исхраната во домашни услови и каде се купуваат продуктите.


„Ако суровините се купуваат од безбедни места, знаеме дека оние продавници коишто имаат посебни делови и складови за чување на различни видови на храна, тие се валидни продавници, сите оние кои што во ненормални услови продаваат сувомеснати и меснати производи веќе се ризични и тука при високи температури тој ризик се зголемува.“

Грѓаните велат дека набавуваат храна само од проверени места, каде што знаат дека е со добар квалитет.
Тие хамбургери, чизбургери не ги обожавам и не ги купувам, така да не сум имала проблем до сега. Обично тоа што ќе си купам, тоа ќе си зготвам од продавница, гледам дали е свежо.

„Тие хамбургери, чизбургери не ги обожавам и не ги купувам, така да не сум имала проблем до сега. Обично тоа што ќе си купам, тоа ќе си зготвам од продавница, гледам дали е свежо.“

„Внимамавам, ама не дека сум преокупирана со тоа, внимавам од некои посигурни места, поизвикани места што би се рекло, не од било каде.“

Докторите предупредуваат дека нагли промени на температурите од климатизирани простории, па излегување на сонце не се препорачливи, бидејќи доаѓа до имунолошки дисбаланс во организмот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG