Грчеви, слабост, вртоглавица, главоболка, мачнина, а понекогаш и повраќање. Понатаму, изнемоштеност, дехидрација и пребледување. Ова се дел од најчестите симптоми на топлотен удар, попознат меѓу народот како сончаница, проблем кој се зачестува во услови на растечки температури. Синоптичарите предвидуваат посилни горештини во следниве 24 часа. Се препорачува пиење течности, да не се излегува на сонце доколку нема потреба, а хронично болните и повозрасните да
не излегуваат од дома од 10 до 17 часот. Како се снаоѓаат граѓаните ?
„Се издржува, ама на кој начин е прашање? Штета што во Скопје нема никаков базен, нема ниту вештачко езеро и тоа што го имавме не работи, нема ниту некаков воден парк, така што останува само во овие некои кафе барови што се под сенка, само таму да се троши времето. Мислам дека Скопје заслужува некаков воден парк.“
„Ова е дефинитвно многу топло лето, а допрва доаѓаат горештини. Два до три степени секој лето ќе се зголемува температурата.“
„Обично во тие топли бранови или седиш по кафе барови повеќе од два саати, да си се оладиш убаво, после гледаш сенки да фатиш до дома и после цело време под клима.“
Да не се излегува во најголемата жештина и да се внимава на искраната, препорачува д-р Катерина Ивановска од „Медика Плус“.
„Јас би препорачала колку што може да се намали излегувањето надвор, особено во период од 11 до 16 часот. Во однос на исхраната, таа да биде полесна, богата со овошје и течности многу.“
Упатените дополнително порачуваат да се внимава со клима уредите, поради можни тегоби од нагли промени на температурата. Поедноставено - нагло да не се излегува од ладна просторија во жештина.
Инаку, Владата вчера одржа посебна седница во врска со топлотниот бран што од денеска ја зафати Македонија. На работодавците им се препорачува во следните три дена да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено.
Топлотниот бран предизвика проблеми и во соседството. Во Србија е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија. Во Хрватска жештините однесоа 12 човечки животи. Се прогнозира дека високите температури ќе се задржат во следниве 214 часа. За викендов, пак, од Управата за Хидрометеролошки работи предвидуваат поројни дождови проследени со грмежи. Оваа прогноза се противи на проценките на странските метеролошки сервиси, кои барем за скопје предвидуваат сончев викенд.
Се издржува, ама на кој начин е прашање? Штета што во Скопје нема никаков базен, нема ниту вештачко езеро и тоа што го имавме не работи, нема ниту некаков Воден парк, така што останува само во овие некои кафе барови што се под сенка, само таму да се троши времето.
не излегуваат од дома од 10 до 17 часот. Како се снаоѓаат граѓаните ?
„Се издржува, ама на кој начин е прашање? Штета што во Скопје нема никаков базен, нема ниту вештачко езеро и тоа што го имавме не работи, нема ниту некаков воден парк, така што останува само во овие некои кафе барови што се под сенка, само таму да се троши времето. Мислам дека Скопје заслужува некаков воден парк.“
„Ова е дефинитвно многу топло лето, а допрва доаѓаат горештини. Два до три степени секој лето ќе се зголемува температурата.“
„Обично во тие топли бранови или седиш по кафе барови повеќе од два саати, да си се оладиш убаво, после гледаш сенки да фатиш до дома и после цело време под клима.“
Да не се излегува во најголемата жештина и да се внимава на искраната, препорачува д-р Катерина Ивановска од „Медика Плус“.
„Јас би препорачала колку што може да се намали излегувањето надвор, особено во период од 11 до 16 часот. Во однос на исхраната, таа да биде полесна, богата со овошје и течности многу.“
Јас би препорачала колку што може да се намали излегувањето надвор, особено во период од 11 до 16 часот. Во однос на исхраната, таа да биде полесна, богата со овошје и течности многу.