Граѓаните кои ги анкетиравме се согласуваат дека поради горештините, почесто се користат климатизери и вентилатори со што се троши и повеќе струја.
,,Па мислам дека повеќе троши поради климите. Се зависи кој на кој спрат е, колку е топло итн.“
,,Зима со дрва се грееме, преку лето се ладиме со струја.“
Податоците на државната компанија МЕПСО покажуваат дека има зголемување на реализираната дистрибуција на електрична енергија, ставка која во извештајот се добива како разлика на конзум и превземањето на директната потрошувачка. Вчера остварената дистрибуција на елетрична енергија е за речиси три проценти поголема од онаа во четвртокот минатата недела, кога се најавуваа горештините. Од државната компанија посочуваат дека на ниво на дистрибуција може единствено да се претпостави дека жештината ги зголемува побарувањата за струја. Од „ЕВН Македонија“ потврдуваат дека потрошувачката се зголемила. Портпаролот на компанијата Атанас Ковачевски го презентира трендот:
,,На 11-ти август веќе е забележано одредено зголемување од 14 489 000, но при температура од 33 степени, на 13-ти август 14 781 000 и на вчерашниот ден потрошувачката достигна 15 017 000 киловатчасови електрична енергија за температура од 37 степени.“
Не станува збор за преоптоварување на мрежата, вели Ковачевски и додава:
,,Зголемувањето на потрошувачката се должи на се поголемата употреба на разладните уреди, но и од фактот дека многу од граѓаните веќе се во своите домови бидејќи привршија со своите одмори.“
Инаку, според денешниот дневен дијаграм за потрошувачка на електрична енергија на МЕПСО, најмногу струја се трошело во периодот од пладне до 16 часот попладне, додека најмалку електрична енергија била потрошена од 4 до 8 наутро.
Па мислам дека повеќе троши поради климите. Се зависи кој на кој спрат е, колку е топло итн...
,,Па мислам дека повеќе троши поради климите. Се зависи кој на кој спрат е, колку е топло итн.“
,,Зима со дрва се грееме, преку лето се ладиме со струја.“
Податоците на државната компанија МЕПСО покажуваат дека има зголемување на реализираната дистрибуција на електрична енергија, ставка која во извештајот се добива како разлика на конзум и превземањето на директната потрошувачка. Вчера остварената дистрибуција на елетрична енергија е за речиси три проценти поголема од онаа во четвртокот минатата недела, кога се најавуваа горештините. Од државната компанија посочуваат дека на ниво на
Зголемувањето на потрошувачката се должи на се поголемата употреба на разладните уреди, но и од фактот дека многу од граѓаните веќе се во своите домови бидејќи привршија со своите одмори