Достапни линкови

Лука Гаревски државен првак во триатлон и дуатлон


Лука Гаревски државен првак во триатлон и дуатлон.
Лука Гаревски државен првак во триатлон и дуатлон.

Лука Гаревски со спортот се занимава уште од осумгодишна возраст. Тој до сега има освоено повеќе признанија и титули отколку што има години.

Лука Гаревски од Куманово е 20 годишен студент на Факултетот за физичка култура во Скопје и успешен спортист во триатлон и дуатлон. Со спортот се занимава уште од осумгодишна возраст. Тој до сега има освоено повеќе признанија и титули отколку што има години. За триатлон и дуатлон Лука раскажува:
Започнав со пливање и немав некои поголеми амбиции се до 2008-та година кога почнав со велосипедизам и тогаш влегов во натпреварувачките води. А следната година почнав со триатлон, така што до сега се натпреварувам само во триатлон.


„Дуатлон е дисциплина составена од трчање, возење велосипед и пак трчање. Се трча пет километри, се вози велосипед 20 километри и пак се трча два ипол километри. Тоа е поддисциплина на мојот примарен спорт триатлон. Триатлон е олимписки спорт составен од пливање ( илјада и петстотини метри), возење велосипед ( 40 километри ) и трчање ( десет километри ).“

За своите спортски почетоци Лука вели:

„Започнав со пливање и немав некои поголеми амбиции се до 2008-та година кога почнав со велосипедизам и тогаш влегов во натпреварувачките води. А следната година почнав со триатлон, така што до сега се натпреварувам само во триатлон.“
Ова е болна тема за мене, бидејќи 12 години патувам за Скопје само поради базен. Благодарен сум за атлетската стаза што ни ја направија во Спортскиот комплекс „Соколана“, но искрено се надевам дека оваа или наредната година ќе биде изграден нашиот базен.

Како студент на Факултетот за физичка култура Лука сака да биде комплетен, поради што и се зафатил со повеќе спортови.

„Со тоа имам една целина како успешен спортист да бидам и теоретски поткован, за да моето знаење можам да го пренесам на помлади спортисти и спортски работници. “

Тој вели дека не знае дали во иднина ќе остане натпреварувач. Пет години е државен првак и во дуатлон и во триатлон, и има над 20 признанија, награди и титули во двете дисциплини.

„Да сумираме би било пет години државен шампион.“

Иако зад него стојат бројни успеси, Лука за себе вели дека е во аматерскиот спорт, а за младите смета дека во спортските клубови во Куманово се зголемува бројот на деца кои се заинтересирани за спортување. Меѓутоа, дека Лука не може да му одолее на спортот укажува и тоа што за зимскиот распуст рекреативно се опробал и во бразилска џиуџицу.

„Џиџуцу ми беше тотално за забава и многу ми беше убаво. Сосема е различна од мојот спорт,нови луѓе,нови искуства.“

Иако за некого спортот би бил и некакво оптоварување Лука сето тоа го смета како времето кое си го посветува себеси. Меѓутоа, кога не спортува тој чита книги, стручна литература, ќе одгледа некој добар филм или ќе свири пијано.
Лука е еден од ретките спортисти кој ја има поддршката од локалната самоуправа во Куманово, за што додава дека со финансиска помош му било овозможено неколку пати да биде учесник на камповите организирани од Европската триатлон федерација, кога младите тренираат и учат од врвните светски спортисти. Како и со познати тренери.

„Минатата и претходната година локалната самоуправа ми ги покри сите трошоци.“

За тоа колку Куманово им овозможува на младите спортисти да се рекреираат или натпреварувачки да се занимаваат со спортот, со оглед на дефицит на спортски објекти и терени Лука вели:

„Ова е болна тема за мене, бидејќи 12 години патувам за Скопје само поради базен. Благодарен сум за атлетската стаза што ни ја направија во Спортскиот комплекс „Соколана“, но искрено се надевам дека оваа или наредната година ќе биде изграден нашиот базен во кој ќе можам слободно да тренирам“, вели младиот и успешен дуатлон и триатлон шампион Лука Гаревски од Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG