Некако, во мојот живот никогаш не успеав да ја усвојам логиката на тоа да бидеш горд на својата националност, пол, религиска традиција. Што се очекува од младите овде? Да бидат добро воспитани, горди православни Македонци, кои си го знаат местото. А, местото им е пред телевизорот или билбордот на кој со големи букви е истакната гордоста на семакедонското.
Гледам околу себе многу тинејџери и млади навлечени на таа национална гордост, што размислуваат строго во знамиња и граници. Гледам и млади огорчени патриоти, што со своите кревки дваесетина години имаат во себе повеќе насилен гнев кон „туѓото“ и социопатска љубов кон „своето“, што се спремни да го одмаздат недоживеаното и платат со крв раскажаното. Не гледајќи ја политиката зад приказната, политика чии директни реализатори се тие, а не нејзините невидливи креатори.
А јас баш и не сфаќам, како можам да сум толку горда на нешто што не сум го избрала ни сторила? Според тоа, би можела на пример, да бидам горда и што имам кафени очи. Мене ми е пологично ова: јас не избрав да се родам овде, и не ми е потребно чувство на гордост за го оправдам и олеснам фактот што универзумот ме лупнал тука, а не во Африка. Со самото тоа што сум се родила во некоја заедница, не можам автоматски да развијам гордост што и припаѓам токму неа. За мене гордост е чувство што следи одредено постигнување, последица од акт и труд, или избор, и тоа мој, или на некој близок и важен. Не можам да бидам особено горда на Гоце Делчев и Александар Македонски, да речеме. Во однос на првиот можеби имам некое општо чувство на гордост како кон било кој добронамерен и храбар интелектуалец. Гордост што постоел таков човек. На таков начин горда сум и на Буда и на Никола Тесла. За Александар, од друга страна, немам баш некои чувства. Треба да бидам горда на дамнешен човек кој со личниот филтер на вредности го сметам за незаситен мегаломан, оти бил наш? Што да се прави, не ми доаѓа. Но ептен горда сум на 6-ката по статистика, се окозив од учење и положив од првпат. Горда сум што избрав професија која ме исполнува.
А оти имам кафени очи, не сум горда. Не сум горда ни што сум жена. Не сум горда што на мојата етикета во состав пишува и „Македонка“. Со сите тие нешта сум едноставно - задоволна. Искрено сум ги прифатила, и еве ме, играм со картите кои ми биле поделени. Ги почитувам сите луѓе со срце, храброст и памет, без оглед каде никнале, а кон овие простори имам чувство на врзаност, оти е дома.
Националната гордост е многу стар механизам-лепак кој им помогнал на луѓето од една заедница да створат заеднички идентитет и чувство на припадност, како би ја одржале таа заедница жива од егзистенцијални потреби. И тоа звучи ОК. Само што, наоколу до ден денес гледам далеку повеќе жртви, гадости и зло, отколку среќа и љубов; како последици од тој механизам кој непроменет низ вековите, сè уште става граници околу оние со кои ја делиме планетата – луѓето. Чувството на супериорност, тенденцијата за споредба, суптилното или директното понижување на другите, кога и каде горд патриот успеал да ги спречи тие ефекти? На оние туристички ориентираните спотови или официјални веб-сајтови на било која земја, слушаме и читаме како Ерменија, Македонија, Шведска и Зимбабве, имале „оригинална и богата материјална и духовна култура“, сите се некакви и нечии „колевки“, едноставно сите се најдобри, најубави и најоригинални. Потоа во секоја прилика кога некој ја фали својата земја, најпрво од сè истакнува колку многу култура има таа. Но, кога ја гледаш шумата, а не сите дрвја поединечно, забележуваш дека сите имаат своја богата материјална и духовна култура, а скоро никој не е уникатен во таа област. Културите се мешале, претопувале, позајмувале, и еве не каде што сме, различни а толку слични. Да речеш дека си најјак зашто имаш богата култура, е како да кажеш дека си најчовек оти имаш две раце.
Со сета сила вложувам надеж дека младите луѓе во целиот свет евентуално ќе успеат да им се спротивстават на националистичките политики на нивните влади. Го вложувам и својот мал едвај значаен, но искрен труд младите луѓе овде да престанат да ја голтаат сервираната магла. Зашто доблест е кога луѓето ја „преболуваат“ својата национална гордост. Кога децата се воспитуваат во дух на универзализам. Доблест од највисок ред, кога зборуваме за што е всушност важно на крајот на денот а и животот. Кога некој зачекорува на наредното скалило, не затоа што си ја мрази земјата, туку оти има почит и љубов за човештвото и одбива да си ги мери обележјата и културата со поблиските и подалечните, и да размислува во тесните рамки на националниот идентитет. Иднината на младината. Или, младина на иднината.
Гледам околу себе многу тинејџери и млади навлечени на таа национална гордост, што размислуваат строго во знамиња и граници. Гледам и млади огорчени патриоти, што со своите кревки дваесетина години имаат во себе повеќе насилен гнев кон „туѓото“ и социопатска љубов кон „своето“, што се спремни да го одмаздат недоживеаното и платат со крв раскажаното.
Гледам околу себе многу тинејџери и млади навлечени на таа национална гордост, што размислуваат строго во знамиња и граници. Гледам и млади огорчени патриоти, што со своите кревки дваесетина години имаат во себе повеќе насилен гнев кон „туѓото“ и социопатска љубов кон „своето“, што се спремни да го одмаздат недоживеаното и платат со крв раскажаното. Не гледајќи ја политиката зад приказната, политика чии директни реализатори се тие, а не нејзините невидливи креатори.
А јас баш и не сфаќам, како можам да сум толку горда на нешто што не сум го избрала ни сторила? Според тоа, би можела на пример, да бидам горда и што имам кафени очи. Мене ми е пологично ова: јас не избрав да се родам овде, и не ми е потребно чувство на гордост за го оправдам и олеснам фактот што универзумот ме лупнал тука, а не во Африка. Со самото тоа што сум се родила во некоја заедница, не можам автоматски да развијам гордост што и припаѓам токму неа. За мене гордост е чувство што следи одредено постигнување, последица од акт и труд, или избор, и тоа мој, или на некој близок и важен. Не можам да бидам особено горда на Гоце Делчев и Александар Македонски, да речеме. Во однос на првиот можеби имам некое општо чувство на гордост како кон било кој добронамерен и храбар интелектуалец. Гордост што постоел таков човек. На таков начин горда сум и на Буда и на Никола Тесла. За Александар, од друга страна, немам баш некои чувства. Треба да бидам горда на дамнешен човек кој со личниот филтер на вредности го сметам за незаситен мегаломан, оти бил наш? Што да се прави, не ми доаѓа. Но ептен горда сум на 6-ката по статистика, се окозив од учење и положив од првпат. Горда сум што избрав професија која ме исполнува.
А оти имам кафени очи, не сум горда. Не сум горда ни што сум жена. Не сум горда што на мојата етикета во состав пишува и „Македонка“. Со сите тие нешта сум едноставно - задоволна. Искрено сум ги прифатила, и еве ме, играм со картите кои ми биле поделени. Ги почитувам сите луѓе со срце, храброст и памет, без оглед каде никнале, а кон овие простори имам чувство на врзаност, оти е дома.
Со сета сила вложувам надеж дека младите луѓе во целиот свет евентуално ќе успеат да им се спротивстават на националистичките политики на нивните влади.