Господине Змијанац, и на овие избори се забележува присуство на деца на митинзите на политичките партии што е спротивно на Конвенцијата за заштита на правата на децата. Како може да се спречи ваквата злоупотреба во Република Македонија?
Директно, злоупотребата на децата е во спротивност со Конвенцијата за правата на децата каде што се забранува политичка и партиска злоупотреба на децата, на Законот за основно и средно образование и на Законот за заштита на децата. Првата детска амбасада во светот Меѓаши и за време на кампањата за претседателските избори, и за парламентарните избори и за време на локалните избори упати апел и до политичките партии и до родителите да се обидат да ги искористат децата како натпревар за подобар живот и благосостојба, но не да ги злоупотребуваат или да ги употребуваат како партиски декор на нивните митинзи, кампањата и изборниот процес. Имено, ако забележувате имаше инциденти и за време на протестите пред локалните избори, и за време на локалните избори од страна на политичките партии каде што не водеа доволно сметка, сметајќи дека на тој начин ќе се приближат до гласачите, не знаејќи дека на тој начин создаваат обратен ефект. Имено, ние потсетуваме дека се прекршуваат овие правни акти, бараме од Народниот правобранител да преземе одредени санкции и ги повикуваме политичките партии на одговорност, потсетувајќи ги исто така родителите дека на овој начин на придонесуваат за благосостојба или добробит на децата.
Господине Змијанац, дали досега се изречени казни, санкции за злоупотреба на децата за политички цели?
Не се изречени, но со самото тоа што веќе гласачите проценуваат која политичка партија води сметка дали децата се злоупотребуваат за партиски и политички цели и на тој начин им задаваме сериозни проблеми на политичките партии. Исто така апелиравме и до медиумите да не рекламираат, независно дали се платени политички спотови, каде што се употребуваат или злоупотребуваат децата за праќање на одредена порака со одредена содржина. Нашиот став е дека политичките партии не водат доволно сметка за ова и дека лицата кои се одговорни за односи со јавност мора да поведат сметка дека е создадена критична основа во Република Македонија и дека правата на децата мора да се почитуваат. Имено, ние се залагаме да има натпревар меѓу политичките партии во нивните платформи да се грижат за добробит на децата. Не е доволно градоначалниците или советниците да се залагаат само за тоа колку улици ќе осветлат, колку патишта ќе асфалтираат, колку патеки ќе направат покрај реката или други некои инфраструктурни теми, кои секако се важни за граѓаните. Се залагаме да сфатат градоначалниците дека и предучилишното и основното образование е во нивна надлежност и дека за нас е многу важно да се говори за темната бројка на деца кои не се евидентирани во извод од матична книга на родени. Тие деца се најчесто и жртви на најлошите форми на злоупотреби на детскиот труд или грабнување, киднапирање, трговија со деца, детски органи и секс туризам. Исто така за нас е многу важно градоначалниците да поведат сметка, како менаџери и добри домаќини, да се вклучат сите деца во воспитно-образовниот процес, да се направат бенефиции за децата од ранливите групи кои не можат да ги користат овие услуги и да поведат сметка за спречување на злоупотреба на детскиот труд, односно да ги активираат просветните и трудови инспектори во спречување на оваа појава која за жал станува сè позачестена во Република Македонија.
Што ги мотивира партиите да ги користат децата во предизборните кампањи?
Мислам дека на тој начин ќе се доближат повеќе до граѓаните, не водејќи доволно сметка дека граѓаните веќе се едуцирани и можат да препознаат што е употреба, а што злоупотерба и дека се информирани не само децата, туку и родителите за правата на децата. Она што нас не загрижува е тоа што гледаме присуство на деца кои мафтаат со знаменца, а партијата или родителот не водат сметка дека тоа е не само злоупотреба, туку и индоктринација. Родителот, ако е следбеник на одредена политичка партија, не треба никако да влијае на своето дете да го втурнува во би рекол агитирање за политички цели. Вие забележувате дека има тепачки меѓу млади, кои се тепаат за одреден простор на којшто ќе бидат залепени нивните лидери, нивните водачи итн. Значи се регрутираат уште од најмали нозе децата за политички цели и на тој начин мислам дека е доста сурова и макијавелистичка пораката која ја праќаат политичките партии - имено, целта ги оправдува средствата, не водејќи сметка за најдобрите интереси на децата. Злоупотребата на децата во политички цели не е во најдобар интерес на децата. Децата да бидат на агендата на политичките партии за да се направи исчекор за подобрување на состојбата е навистина вистинска цел и ја поддржуваме.
Господине Змијанац, какви се последиците за децата кога од мали нозе се вклучуваат во политика?
Вие забележувате дека во континуитет преку социјалните мрежи децата помлади дури и од 16 години се во првите редови да протестираат, да агитираат или да застапуваат одредена кауза и цел, а во позадина стојат интересите на одредени политички партии. Немирите кои се случија во Скопје нè соочија со вистината дека децата протестираат, а не знаат за што протестираат, не ги знаат вистинските придобивки и цели и всушност тоа се наметнати идеали и цели кои тие всушност немаат ниту основ, ниту потреба да се залагаат. На тој начин се врши, не само злоупотреба или манипулација, туку се доведува во опасност и животот на децата, каде што специјалните единици реагираа на таков начин кој можеше да биде и потрагичен од тоа што го видовме и што се случи.
Зборувате за протестите од пред неколку недели?
Точно така, и во петокот и во саботата. Упативме апел, не само до институциите да поведат поголема одговорност за редот, мирот и безбедноста на децата, туку и до политичките партии да не си играат со оган, да не шират омраза, национализам, шовинизам меѓу младите и да внимаваат со каков говор зборуваат, не само на собраниските седници, туку и пред камерите кога се учесници во одредени кампањи. Македонија е мултикултурна земја и таа како таква треба да се гради, а градењето не е само преку помирување, градење на доверба и ненасилна комуникација, туку децата треба да бидат идни лидери и водачи кои ќе градат заеднички вредности, а не соживот едни покрај други, а за градење заеднички вредности треба живеење и заеднички, а не еден покрај друг во различни смени и да се гетоизираат младите по партиска, верска и друга основа.
Што се однесува до протестите кои ги споменавме, дали е тоа последица на лоши родители или зајакнати негативни влијанија од општеството?
Комбинирано. Слабост на системот за градење на граѓанско општество, слабост на системот за градење заеднички вредности, слабост на системот за градење на мир, влијание на политичките партии во сите сегменти на живеењето, недоволна критична основа на граѓанскиот сектор како коректор на властите во однос на артикулирање на потребите на граѓаните, граѓани кои не секогаш може да препознаат што е манипулација и злоупотреба и деца кои се жртви на недоволно информирани родители и политички партии кои знаат добро и вешто да манипулираат и да злоупотребуваат, не само кампањи и медиуми, туку и целната група, а тоа се потенцијалните гласачи.
Што може да се направи за да се реши овој проблем?
Не се доволни само реакциите на граѓанскиот сектор. Не само ние, и други граѓански организации, и Народниот правобранител апелираше да не се злоупотребуваат децата. Мислам дека тука клучна улога имаат и медиумите да се едуцираат што е употреба, а што злоупотреба, што е дозволено, а што не е, да се регулираат изборните процеси и политичките партии да го стават својот потпис дека нема да ги злоупотребуваат децата за партиски и политички цели, а дека сепак ќе се залагаат за најдобрите интереси на децата и дека тие ќе бидат вградени во нивните политички платформи. И она што мислам дека е многу важно е што граѓаните веќе не наседнуваат веќе така едноставно и на кампањите, независно дали се платени или не, колку пати се присутни во медиумите, туку повеќе внимание посветуваат на интегритетот на личностите кои се залагаат за нивниот добробит, а интегритетот на личностите го препознаваат на тој начин што имаат директен контакт со потенцијалните градоначалници или советници кои ќе работат во најдобар интерес на децата.