Достапни линкови

Цивил - Вториот круг со истите аномалии


Цивил: Поткуп, притисоци, нерегуларности пред вториот круг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Цивил: Поткуп, притисоци, нерегуларности пред вториот круг

Поткупот е најголем проблем пред вториот круг избори за градоначалници. Во општините каде ќе има прегласување има тензична атмосфера во која на граѓаните им се ограничува правото на слободно изразување на волјата, велат од Цивил.

Во периодот меѓу двата изборни круга продолжуваат истите аномалии и незаконитите дејствија нотирани во првиот круг, забележуваат од Цивил - Центарот за слобода. Нивните информации од терен се дека во општините каде ќе има прегласување има тензична атмосфера во која на граѓаните им се ограничува правото на слободно изразување на волјата. Од Цивил велат дека и во периодот меѓу двата изборни круга продолжува злоупотребата на јавните ресурси на национално и локално ниво, а луѓето се фатени во вителот на агресивната кампања на власта и опозицијата, кои не штедат на погрдни зборови.
Се купуваат гласови со брашно, со масло, меѓутоа и со пари. Почетната цена за еден глас е 1000 денари, но нашите активисти и други граѓани и граѓанки кажуваат дека можете и да се пазарите со тие што ги купуваат гласовите и можете да добиете и други субвенции за глас.
Илир Ајдини, Цивил.

„Заканите и ветувањата се испреплетени и веќе нема разлика меѓу нив, на крајот сè се сведува на принципот – подобро да гласате за мене, инаку лошо ви се пишва“, изјави Илир Ајдини, проект менаџер на Цивил.

Ајдини вели дека поткупот е далеку омасовен што дури и на член на Цивил му било понудено пари во заменеа за гласови.

„Се купуваат гласови со брашно, со масло, меѓутоа и со пари. Почетната цена за еден глас е 1.000 денари, но нашите активисти и други граѓани и граѓанки кажуваат дека можете и да се пазарите со тие што ги купуваат гласовите и можете да добиете и други субвенции за глас.“

Од Цивил нотираат дека националистичката реторика веќе почнала да ги дава своите ефекти. Тензиите меѓу етничките заедници се зголемени, особеново Кичево каде владее напната тишини, испрекината со гестови на отворено нетрпение, влеат до Цивил. Цивил и партнерските организации упатија апел за меѓуетнички мир. Набљудувачите на Цивил ќе го следат и вториот изборен круг со ист број на набљудувачи како и првиот, односно со околу 140 набљудувачи кои ќе бидат присутни на сите места на кои ќе има прегласување.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG