Здружението на необесштетени штедачи од ТАТ кое пред локалните избори најавуваше дека нема да се пазари и да поддржи ни еден од кандидатите на власта и опозицијата за градоначалник на Битола, деновиве на само неколку дена пред прегласувањето во втор круг јавно изјави дека поддршката ја дава за ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на здружението Пеце Гугучевски изјави:
„Единствено можеме да преговараме со оваа власт за трајно и крајно решение на ТАТ. Претходната власт го овозможи ТАТ и не можеме да разговараме со нив и не сакаме. Сите штедачи, 5.300, сме единствени и обединети дека оваа власт само може да не обесштети и никој друг. Работиме на тоа и имаме цврсти ветувања дека ќе се донеси скоро крајно решение.“
Месец дена пред одржувањето на локалните избори истиот претседател Гугучевски го тврдеше спротивното, дека веќе политички нема да се инволвираат, иако имаат ветувања од двете страни.
„Ние повеќе политички ниту сакаме да дејствуваме, ниту сакаме да се здружуваме, иако имаше обиди и од едни и од други. Меѓутоа, не сакаме апсолутно. Овој протест е насочен само против пресудата на судовите од Скопје. Ќе одиме пред општина истото ќе му го порачаме на градоначалникот, мора да се заземи да ни помогни, мора да го излобира тоа. Два мандата истера помогнавме многу“, изјави тогаш Гугучевски.
Дел од штедачите даваат и вакви изјави:
„Да не обесштети и доживотно како Тито ќе биди, тоа да му го кажете на Груевски.“
Во вториот круг на локалните избори во Битола силите ќе ги одмерат градоначалникот Владимир Талески, кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, и Менде Диневски од коалицијата на СДСМ.
Аферата ТАТ која во историјата ќе биде запаметена како најголема пирамидална измама во земјава избувна 1997 година. Во неа 13.000 граѓани ги загубија своите заштеди во износ околу 60 милиони евра. Шеснаесет години по аферата, необесштетени останаа 5.000 штедачи кои побаруваат 15 милиони евра. Досега добивале многу ветувања од политички партии дека ќе бидат обесштетени, но до денес сè уште не ги добиле своите пари.
Единствено можеме да преговараме со оваа власт за трајно и крајно решение на ТАТ. Претходната власт го овозможи ТАТ и не можеме да разговараме со нив и не сакаме. Сите штедачи, 5.300, сме единствени и обединети дека оваа власт само може да не обесштети и никој друг. Работиме на тоа и имаме цврсти ветувања дека ќе се донеси скоро крајно решение.Пеце Гугучевски, претседател на Здружението на необесштетени штедачи од ТАТ.
Претседателот на здружението Пеце Гугучевски изјави:
„Единствено можеме да преговараме со оваа власт за трајно и крајно решение на ТАТ. Претходната власт го овозможи ТАТ и не можеме да разговараме со нив и не сакаме. Сите штедачи, 5.300, сме единствени и обединети дека оваа власт само може да не обесштети и никој друг. Работиме на тоа и имаме цврсти ветувања дека ќе се донеси скоро крајно решение.“
Месец дена пред одржувањето на локалните избори истиот претседател Гугучевски го тврдеше спротивното, дека веќе политички нема да се инволвираат, иако имаат ветувања од двете страни.
Да не обесштети и доживотно како Тито ќе биди, тоа да му го кажете на Груевски.Необесштетен штедач од ТАТ.