Македонија веќе шеста година по ред е во некаква изборна кампања. Од „работното лето“ на опозицијата, преку „жешката есен“, до декемвриските настани кои во февруари го искомплицираа одржувањето на локалните избори.
Во основа Македонија е предизборно раскопана во сржта исто како и улиците по кои се движиме. Градоначалниците по три години одмор на кожните фотелји во изминативе шест месеци се растрчаа да пресечат ленти, да удрат камен темелници на фабрики, да асфалтираат по некоја улица и да прередат бекатон плочки на тротоарите.
И со ветувањата се претера
Секојдневно веќе со месеци гледаме ветувања за нови улици, паркови и јавори, инвеститори во општини кои ќе донесат вработувања, нови автобуски линии во населби каде што во зима ни коза не може да се искачи, ветуваат изградба на детски градинки на секоја трета уличка, затоа што, како што рече една кандидатка за градоначалник, „деца има, дал господ“. Во меѓувреме, не забораваат да нè забавуваат со разноразни досетки и шеги, но и со сатанизирање на нивниот противник, заменувајќи ја нашата меморија за блиското минато со она од пред седум или повеќе години кога тие не биле на функција. И тоа трае ли трае. Владини функционери и партиски опозициски лидери по час говор за национални теми се претвораат во локална администрација која е блиска со народот па и на гости по дома им одат.
Само во изминативе неколку дена сме сведоци како на провладините медиуми се зборува дека СДСМ е виновен за загубата на македонскиот политички блок во Кичево поради територијалната поделба во 2004 година. Речиси цела недела на информативните програми се вратат видеа со тоа како поминал тогаш референдумот, а на јавниот државен сервис нè потсетија и како гласал премиерот Никола Груевски.
„Го дадов својот глас за постабилна иднина на Македонија, како обврска кон минатото и долг кон иднината. Гласав за нашата држава, татковина, за стабилност, мир, просперитет“, рече тогаш Груевски.
Луѓето сакат градски татко кој ќе им го подобри животот
И додека политичарите се докажуваат префрлајќи си ја вината еден на друг за тоа како малцинството станало мнозинство во една општина, не обраќајќи внимание дека луѓето кои што се иселиле од земјава привремено се вратија да одлучат за тоа кој ќе биде градоначалник, потребите на граѓаните што останале во Македонија секаде се исти, сите очекуваат од таткото на општината да им понуди подобар живот.
„Ова е мала општина и треба повеќе фондови да дојдат и да има вработувања, да не бегаат младите, да не биде Скопје идеалната дестинација за сите млади.“
„Сакаме подобри улици, Дом за стари лица сакаме, да се сместиме ние старите, училишта за младите, игралишта.“
„Да биде малку подобро отколку што беше до сега, да работи градоначалникот за народот.“
Во дел од ветувањата на кандидатите за градоначалници е наведено дека ќе спроведуваат проекти што ќе се финансираат преку Светска банка, но забораваат да кажат дека за остварувањето тие всушност ќе се задолжат со кредити, а владата за истите дава заеми за општините. Ветуваа и проекти од земјоделството за кое општината и нема надлежности.
Колку градоначалниците можат самостојно да им ги исполнат желбите?
Но, по овие избори се наметнуваат прашањата: Колку градоначалниците можат самостојно да им ги исполнат желбите и барањата на жителите? Дали ќе имаат пари да остварат се што ветиле, или ќе бараат помош од централната власт? Како руралните средини ќе дојдат до повеќе пари? Како ќе донесат инвеститори и што ќе им понудат?
На овие прашања одговор треба да се побара во децентрализацијата, процес кој во изминативе речиси десет години се спроведува во земјава и сè уште до крај не е спроведен. Станува збор за процес со кој општините ќе се грижат за образованието на најмалите, за парите на жителите кои влегле во буџетот преку даноците, за урбано и просторно планирање на општината, како и за државниот имот со кој треба да стопанисуваат паметно за да заработат повеќе пари со кои ќе овозможат подобар живот на граѓаните.
На овие избори уште еден мандат побараа десетина од актуелните градоначалници, а токму големата бројка укажува на фактот дека „четвртата власт “ доби поголема тежина со децентрализацијата.
Децентрализацијата со минимален напредок
Но децентрализацијата беше една од темите за кои еврокомесарот Штефан Филе при неговата посета во септември во рамките на третата рудна од разговорите за пристапниот дијалог на високо ниво, потсети владеењето на локалните власти е една од темите која спаѓа во делот каде што е постигнато минимален или никаков напредок.
„Ако ги погледнете сите тие прашања кои се наведени во патоказот од дијалогот на високо ниво, можам да кажам дека 75 проценти од целите имаат мерлив напредок, односно некои од прашањата се комплетно имплементирани, но има прашања каде што е постигнат само минимален напредок или воопшто нема. Едно од тие прашања на кои се осврнавме е децентрализацијата, владеењето на локалните власти, што е исклучително важно во пресрет на локалните избори што треба да се одржат напролет.“
Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика вели дека сите теми кои, во рамките на претпристапниот дијалог, беа актуелни сè до декември кога заседаваше Советот на Европа, станаа помалку актуелни и онаа критична оценка која постоеше како поттик за да се направи нешто веќе ја нема, а сега други теми дојдоа на преден план. Ако се погледнат извештаите на Европската комисија ќе се забележи дека има некаков напредок во областа на локалната самоуправа, но она што недостасува за целосно спроведување на децентрализацијата е политичката волја и општински ресурси.
„Недостасуваат доволно ресурси на општините за да можат да ги остваруваат своите надлежности, така што централната власт многу тешко се откажува од своите ингеренции, ресурси, управувањето со ресурсите во полза на локалната власт и тоа е основниот проблем.“
Таа додава дека и покрај тоа што постепено се зголемуваат средствава што ги имаат на располагање општините, сепак кога се работи за крупните средства за грантовите кои што се даваат на општините, особено во поглед на образованието, останува уште многу да се направи за да можат општините да водат локална политика.
„Секако дека е во прашање и капацитетот на општините, но од друга страна, ако има политичка волја ќе се гради тој капацитет на општините, така што на крајот пак прашањето е политичка волја за децентрализација, за деконцентрација, воопшто за откажување на дел од власта и овластувањата на централно ниво во полза на локалната самоуправа.“
Според она што е објавено на интернет страната на Министерството за локална самоуправа, речиси сите општини влегле во втората фаза од фискалната децентрализација, со што е овозможен посуштински трансфер на надлежностите и финансиското управување на локално ниво.
Според извештајот за Македонија на Конгресот на регионални власти при Советот на Европа, данокот на додадена вредност (ДДВ) кој треба да им се префрли на општините е зголемен на 4,2%. Ова се проценува како мерка со која „се зајакнува финансискиот капацитет на општините и капацитетот во преземањето на нови одговорности“ . Но, Конгресот изразува загриженост дека иако во втората фаза на општините им се припишани нови овластувања и моќи, сепак се создадени области каде што локалните и централните одговорности се преклопуваат и се ко-финансирани со што се носи ризик за континуирано централно влијание.
Во продолжение е наведено дека нејаснотиите во законите во поглед на надлежностите не се разрешени, а дополнително законот за локална самоуправа формално им дава на локалните власти поголема моќ и одговорност затоа што со бројни други закони се воспоставуваат правила со кои централната власт се вмешува во претходните.
Ристевска Јордановска вели дека постои една тенденција на законско пренормирање.
„Има и повеќе институции што дејствуваат, така што останува простор за толкување, останува простор за дејствувања коишто може да бидат повеќе на штета на овластувањата на локална самоуправа, отколку во нивна корист.“
Конгресот во последниот извештај утврдил дека општините сè уште многу зависат од владините грантови, дека е потребно подобрување во делот на финансиското изедначување и дека постои голема разлика во богатството и развојот меѓу урбаните и руралните општини што е дополнителна причина за загриженост. Во извештајот е наведено дека општините се предмет на надзор од страна на различни централни власти заедно со Државниот инспекторат, што го зголемува ризикот да се отиде преку надзорот на законитоста. Меѓу другото наведена е и забелешката дека генерален проблем се чини дека е потенцијалната загуба на ефикасност и бавниот процес на одлучување, кога градоначалникот и мнозинството на советот припаѓаат на спротивни политички партии.
За тоа како се спроведува процесот на децентрализација, градоначалниците, во зависност од нивното искуство, но и од тоа од која партија доаѓаат даваат различни заклучоци.
Досегашниот градоначалник на Охрид Александар Петрески вели дека дел од предвидените капитални проекти во неговиот мандат не се реализирани само поради опструкциите на централната власт. Тој потсети дека Охрид последен, заедно со Арачиново, влезе во втората фаза на децентрализација и е последната општина на која ѝ беше вратено државното градежно земјиште. Петрески тврдеше дека во Македонија наместо децентрализација се спроведува процес на национализација, и тоа е причината зашто во Македонија речиси е невозможен локален економски развој.
„Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се случи од 1945 до 1947 година. Со одземањето на ингеренциите на Општина Охрид во делот на урбанизмот и со прогласувањето на заштитените подрачја, правата што ги добивме во 2007 повторно му се враќаат на Министерството за транспорт и врски и сега граѓаните кои живеат во овие зони за одобрение сега треба да одат во Скопје. Штетно е власта да му се дава само на еден човек“, рече доскорашниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.
Од друга страна, неговиот колега од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески вели дека децентрализацијата донела многу бенефиции за општините и дека нејзиното спроведување им помогнало на општините во нивниот развој и осамостојување.
„Ако не беше тој процес тешко ќе ги имавме резултатите со кои денеска може да се пофалиме и мислам дека најголема придобивка или како круна на сето тоа дојде кога добивме овластување или можност да планираме, да раководиме, да стопанисуваме со државното земјиште, коешто на некој начин направи голема преродба во нашиот крај, па си направивме наш концепт, направивме индустриска зона. Од тој процес ги добивме и објектите од Касарната и тоа државно земјиште.“
Тој додава дека градоначалниците кои се жалат дека централната власт им помага само на оние градоначалници кои доаѓаат од нејзините партиски редови во основа бараат оправдување за нивното неработење и неисполнувањето на нивните обврски и одговорности.
„Тоа не е случај со Битола. Мислам дека градоначалниците од другата политичка гарнитура едноставно прават кампања, таков е периодот, локални избори се, па сега не им чини владата, па не им чини нешто друго, па привилегирани биле градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, тоа апсолутно нема врска.“
За тоа дека дел од општините кубурат со пари укажува и фактот дека дел од општините немаат пари за да можат да организираат локални избори. Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски вели дека причините за тоа се дека самите општини немаат систем на прибирање на даноци кои што се нивни изворни приходи.
„Имавме општини се сеќавам кои од 2005 до 2009-та кои од данокот на имот имаат речиси нула, а воедно бараат средства од државата и од Министерството за финансии за своите потреби. Не може ако некој не си ги собере своите средства кои се дефинирани да бара други. Или пак ако има многу дивоградби кои во моментот се градат, не наплаќаат комуналии, а од друга страна бараат пари од државата.“
Градоначалникот на Куманово и потпретседател на ЗЕЛС кој доаѓа од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски неодамна изјави дека фискалната децентрализација е доведена во ќорсокак, односно во застој, и дека голем дел од законите кои се врзани за управување на локалната самоуправа не функционираат во целост во пракса.
„Исто така и Законот за рамномерен регионален развој не функционира веќе четврта година што беше и основа и забелешка на Европската комисија, на меѓународниот мониторинг за подобрување на економскиот развој ,климата и условите и развој на општините. Законот за јавниот долг исто така не функционира, особено за општините кои имаат градоначалници и совети од опозиција. Дефинитивно ниедна од нашите општини на барањето за кредитни задолжувања и обврзници една година немаме добиено ниту одговор.“
Конгресот на регионални власти во својот извештај за локалната самоуправа во Македонија препорачува да го консолидира и финализира процесот на децентрализација, Владата да го зголеми портфолиото на министерството за локална самоуправа како главен актер во процесот на децентрализација, да го расчисти преклопувањето на надлежностите, да ги земе во предвид различните интереси на урбаните и руралните општини и да развие посебни стратегии за нив со цел да ги намали големите разлики во богатство и развој помеѓу овие општини, да ги зголеми даноците од сопствени извори во локалните буџети и да ја трансферира сопственоста на земјиштето на локалните власти во напор да ја зголеми локалната автономија, да го зајакне административниот капацитет на општините како на централно така и на локално ниво, посебно во областите на финансиска контрола, стратешко планирање, менаџирање на човечки ресурси и економски развој. Конгресот препорачува да се разјасни и улогата и функцијата на општината Град Скопје како главен град и локална власт која има работа со 10 подентитети. Една од забелешките на кои упатува Конгресот е и ниското ниво на граѓанско учество во локалните работи и посебно на жените во локалниот политички живот. Конгресот смета дека треба да се да состави закон кој јасно ќе воспостави санкции, и нивна примена, против градоначалниците со сериозен недостаток на капацитети или кои ги прекршуваат нивните обврски. Процесот на децентрализација, кој започна на 1 јули 2005 после воспоставување на нормативната и институционалната рамка, сè уште не е завршен.
Недостасуваат доволно ресурси на општините за да можат да ги остваруваат своите надлежности, така што централната власт многу тешко се откажува од своите ингеренции, ресурси, управувањето со ресурсите во полза на локалната власт и тоа е основниот проблем.Малинка Ристевска Јордановска, Институт за европска политика.
Во основа Македонија е предизборно раскопана во сржта исто како и улиците по кои се движиме. Градоначалниците по три години одмор на кожните фотелји во изминативе шест месеци се растрчаа да пресечат ленти, да удрат камен темелници на фабрики, да асфалтираат по некоја улица и да прередат бекатон плочки на тротоарите.
И со ветувањата се претера
Тоа ме потсетува на национализацијата на земјиштето која се случи од 1945 до 1947 година. Со одземањето на ингеренциите на Општина Охрид во делот на урбанизмот и со прогласувањето на заштитените подрачја, правата што ги добивме во 2007 повторно му се враќаат на Министерството за транспорт и врски и сега граѓаните кои живеат во овие зони за одобрение сега треба да одат во Скопје. Штетно е власта да му се дава само на еден човек.Александар Петрески, досегашен градоначалник на Охрид.
Секојдневно веќе со месеци гледаме ветувања за нови улици, паркови и јавори, инвеститори во општини кои ќе донесат вработувања, нови автобуски линии во населби каде што во зима ни коза не може да се искачи, ветуваат изградба на детски градинки на секоја трета уличка, затоа што, како што рече една кандидатка за градоначалник, „деца има, дал господ“. Во меѓувреме, не забораваат да нè забавуваат со разноразни досетки и шеги, но и со сатанизирање на нивниот противник, заменувајќи ја нашата меморија за блиското минато со она од пред седум или повеќе години кога тие не биле на функција. И тоа трае ли трае. Владини функционери и партиски опозициски лидери по час говор за национални теми се претвораат во локална администрација која е блиска со народот па и на гости по дома им одат.
Само во изминативе неколку дена сме сведоци како на провладините медиуми се зборува дека СДСМ е виновен за загубата на македонскиот политички блок во Кичево поради територијалната поделба во 2004 година. Речиси цела недела на информативните програми се вратат видеа со тоа како поминал тогаш референдумот, а на јавниот државен сервис нè потсетија и како гласал премиерот Никола Груевски.
Ако не беше тој процес тешко ќе ги имавме резултатите со кои денеска може да се пофалиме и мислам дека најголема придобивка или како круна на сето тоа дојде кога добивме овластување или можност да планираме, да раководиме, да стопанисуваме со државното земјиште, коешто на некој начин направи голема преродба во нашиот крај, па си направивме наш концепт, направивме индустриска зона. Од тој процес ги добивме и објектите од Касарната и тоа државно земјиште.Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.
„Го дадов својот глас за постабилна иднина на Македонија, како обврска кон минатото и долг кон иднината. Гласав за нашата држава, татковина, за стабилност, мир, просперитет“, рече тогаш Груевски.
Луѓето сакат градски татко кој ќе им го подобри животот
И додека политичарите се докажуваат префрлајќи си ја вината еден на друг за тоа како малцинството станало мнозинство во една општина, не обраќајќи внимание дека луѓето кои што се иселиле од земјава привремено се вратија да одлучат за тоа кој ќе биде градоначалник, потребите на граѓаните што останале во Македонија секаде се исти, сите очекуваат од таткото на општината да им понуди подобар живот.
„Ова е мала општина и треба повеќе фондови да дојдат и да има вработувања, да не бегаат младите, да не биде Скопје идеалната дестинација за сите млади.“
„Сакаме подобри улици, Дом за стари лица сакаме, да се сместиме ние старите, училишта за младите, игралишта.“
„Да биде малку подобро отколку што беше до сега, да работи градоначалникот за народот.“
Имавме општини се сеќавам кои од 2005 до 2009-та кои од данокот на имот имаат речиси нула, а воедно бараат средства од државата и од Министерството за финансии за своите потреби. Не може ако некој не си ги собере своите средства кои се дефинирани да бара други. Или пак ако има многу дивоградби кои во моментот се градат, не наплаќаат комуналии, а од друга страна бараат пари од државата.Коце Трајановски, градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС.
Во дел од ветувањата на кандидатите за градоначалници е наведено дека ќе спроведуваат проекти што ќе се финансираат преку Светска банка, но забораваат да кажат дека за остварувањето тие всушност ќе се задолжат со кредити, а владата за истите дава заеми за општините. Ветуваа и проекти од земјоделството за кое општината и нема надлежности.
Колку градоначалниците можат самостојно да им ги исполнат желбите?
Но, по овие избори се наметнуваат прашањата: Колку градоначалниците можат самостојно да им ги исполнат желбите и барањата на жителите? Дали ќе имаат пари да остварат се што ветиле, или ќе бараат помош од централната власт? Како руралните средини ќе дојдат до повеќе пари? Како ќе донесат инвеститори и што ќе им понудат?
На овие прашања одговор треба да се побара во децентрализацијата, процес кој во изминативе речиси десет години се спроведува во земјава и сè уште до крај не е спроведен. Станува збор за процес со кој општините ќе се грижат за образованието на најмалите, за парите на жителите кои влегле во буџетот преку даноците, за урбано и просторно планирање на општината, како и за државниот имот со кој треба да стопанисуваат паметно за да заработат повеќе пари со кои ќе овозможат подобар живот на граѓаните.
На овие избори уште еден мандат побараа десетина од актуелните градоначалници, а токму големата бројка укажува на фактот дека „четвртата власт “ доби поголема тежина со децентрализацијата.
Исто така и Законот за рамномерен регионален развој не функционира веќе четврта година што беше и основа и забелешка на Европската комисија, на меѓународниот мониторинг за подобрување на економскиот развој ,климата и условите и развој на општините. Законот за јавниот долг исто така не функционира, особено за општините кои имаат градоначалници и совети од опозиција. Дефинитивно ниедна од нашите општини на барањето за кредитни задолжувања и обврзници една година немаме добиено ниту одговор.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово и потпретседател на ЗЕЛС.