Господине Меџити, го водиме разговорот во време кога во оваа општина едно по друго се случуваат повеќе работи кои за жал предизвикуваат не толку позитивни реакции, барем не за сите граѓани. Промена на имињата на училиштата, отстранување на бистите на македонски херои, со прегрупирање на македонските паралелки и со последниот почеток на изградба на џамија без претходно добиена дозвола, значи со постапки надвор од вообичаените процедури. Дали во Чаир исчезнува романтиката, односно соживотот кој е симбол за оваа општина отсекогаш?
Во ова има повеќе прашања. Прво ќе ви посочам добар пример во општина Чаир, тоа е старата скопска чаршија, каде има позитивен тренд и каде се увиде дека може да заживее кога сме сите тука. Во самата чаршија има и Албанци и Македонци и сите други заедници. Денеска администрацијата на Чаир е мултиетничка, има не само Албанци, туку и Турци и Бошњаци и Роми, што не беше случај во минатото. Тоа е само пресликување на реалноста во Чаир, пресликување на соживотот, за да оваа институција, општина Чаир, биде институции на сите граѓани кои живеат таму.
Проблемот, господине Меџити, е дека се прескокнуваат процедурите кои се вообичаени. Вообичаено комуникациите во општините одат преку централната власт, во овој случај како да се одвиваат паралелни процеси.
Во однос на ова треба да бидеме објективни. Во однос на комбинирање на паралелките, првиот случај го имаме во општина Аеродром. Ние, со жал констатирам, не бевме среќни кога требаше да преземеме мерка и во Чаир да комбинираме паралелки. Потоа се случи и во Сарај. Но тоа го направивме во функција на преиспитување на одлуката на градоначалникот на Аеродром. Бидејќи таа одлука е штетна, најштетно е што се играат со децата и не можам поинаку да ја сфатам освен како етничко чистење на училиштата во Аеродром. Тоа не беше наша цел, јас можев овие осум години да преземам такви одлуки, има училници каде има под 2-3 ученици, но таква одлука не сме презеле. Во медиумите имаше и таква информација дека одлуката во Аеродром била целосно законска, а одлуката во Чаир и Сарај незаконска, бидејќи не сме добиле одобрение од Министерството за образование. Тоа не е точно, Аеродром нема такво одобрение, но понекогаш медиумите создаваат погрешен впечаток во јавноста, дека некој ги крши процедурите, а некој не.
Во однос на имињата, немало и нема да има иницијатива за смена на името на Васил Главинов каде наставата се изведува на македонски јазик, на училиштето Тефејуз каде наставата се изведува на турски јазик, или имиња на градинките како што се Петар Пан, Иднина, Снежана, немало и нема да има иницијатива затоа што се прифатливи. Но, во училишта каде што 99 проценти од учениците се Албанци, наставниците се Албанци, родителите се Албанци, директорите се Албанци, мислам дека аргументите се на наша страна и тие не се со декрет на градоначалникот, туку ги поминаа сите филтри, од одбор на родители, училиштен одбор, Совет на општина Чаир, министерот треба само да ги верификува статутите на училиштата и тоа не го направи во предвидениот рок. Значи министерот е тој што ги крши законските процедури, за што ние покренавме и судска процедура врз основа на законот за општа управна постапка.
Опозицијата обвинува дека сето ова што се случува периодов меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е сценарио за предвремени избори, затоа што ви паѓа рејтингот.
Прво, според анкетите во последно време, во ниедна нема дека паѓа рејтингот на ДУИ. Второ, како што веќе објаснив, не се работи кои се преземаат сега, ова е процес кој почнал во 2005 и трае досега и со овие четири имиња треба да се заокружи преименувањето на училиштата, како што заврши процесот со именување на улиците, кое помина на Совет на Град Скопје, на владина седница. Истите имиња ги има на улиците низ Скопје, Хасан Приштина, Исмаил Џемали, Јусуф Гарвала и ред други и само прашање е на време кога ќе се постават табли со вакви улици од Град Скопје.
Но каква порака мислите дека испраќате во јавноста со кавгите меѓу коалициските партнери? Меѓуетничките тензии растат опасно со долгорочни последици особени врз младите во училиштата.
Ние отворено понудивме до нашиот коалиционен партнер и тоа јавно ќе го кажам, дека ние сме спремни и после 70 години што сме ги почитувале тие имиња, личности и настани што сме ги почитувале од македонската историја и да избереме во едно училиште каде што децата се 100 проценти Албанци да носи име од македонската историја, но за возврат, да се докаже и покаже од другата страна дека сме спремни и работиме за соживот, нека најдат едно училиште во која било скопска општина каде што голем дел од учениците се Македонци да носи име на Албанец. Не мора да биде име кое што би крева тензија, не мора да биде Хасан Приштина, Јусуф Гарвала или Адем Јашари. Еве ќе посочам и пример, единствениот нобеловец од Република Македонија за наука е Ферит Мурати, а тоа ќе биде чест и за училиштето.
Како се случи на територија на општина Чаир, на место кое што е свртилиште за сите граѓани од сите националности, пред трговски објект да се почне изградба на џамија без да се добие дозвола од општината и зошто толку се брзало ако сето тоа е во рамките на процедурата, како што сакате да објасните?
Вака значи, не треба кон тоа тенденциозно да се гледа, има реална потреба таму од граѓаните, има иницијатива од нив, има маркица во деталниот план, има иницијатива од порано, малку е забрзано, но и тоа мислам дека ќе се затвори процедурата. Посочивме да се забрзаат процедурите и мислам дека нема ништо спектакуларно околу ова. Во тој дел живеат голем дел од граѓани кои се со исламска вероисповед, како што има и црква во близина, нормално е да има и џамија.
Дали овие проблеми се отвораат затоа што во владата, па и во општините, немате решенија за сиромаштијата и невработеноста?
Ова не се работи коишто сега ги отвораме, ова се работи кои им се потребни на граѓаните, кои ги има во програмата на ДУИ, се реализираат во процес и не гледаме друго оправдување околу овие работи.
Во Македонија моментално функционира непишано правило дека министрите на ДУИ одговараат само пред лидерот Али Ахмети и само тој може да ги разреши, односно дека премиерот нема целосна контрола врз Владата. Дали мислите дека ваквата поделба на власта е долгорочно одржлива?
Оваа тема е актуелна и од порано, има едно правило што лидерите на албанските партии никогаш не се дел од извршната власт. Нормално е луѓето кои се номинираат од албанските партии, па во овој случај од ДУИ, пред сè да им биде програмата на Демократската унија за интеграција да се спроведе. Точно е дека за прв пат оваа влада има заедничка програма што не беше случај во минатото. Програмата на владата е спој на програмите на ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ и треба да се има предвид дека Демократската унија за интеграција е партнер во владата, а не е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и другите 20 партии, минорни мали партии. ДУИ има партнерски односи и врз тие принципи функционира.
Дали со сите овие паралелни постапки и со она што се случува на локално ниво каде што, иако имаме децентрализација, не е логично општините да се групираат и да се конфронтираат. Дали со сето ова некој сака Македонија да оди кон федерализација. Каков е вашиот став кон ова прашање?
Ако ги гледаме работите локално, зборуваме за проблеми во образованието. Образованието во Република Макеоднија е целосно децентрализирано. Единствено што не е децентрализирано тоа се капиталните инвестиции. Во ЗЕЛС тоа е постојана тема, за да не биде распределбата во општините под влијание на дневната политика, туку нивната распределба да биде праведна, се бара и капиталните инвестиции да преминат на локално ниво, тоа да го прави ЗЕЛС или некоја друга организација. Треба да биде јасно дека образованието е децентрализирано и за него одлучуваат општините, значи како што одлучува градот Скопје за средните училишта, за градинките и основните училишта одлучуваме ние во Чаир. Нема простор за двоумење околу ова, треба на сите да им биде јасно дека за образованието одлучуваат општините.
Не ми одговоривте, каков е вашиот став за идејата за која ве прашав?
Јас зборувам за концептот на ДУИ, ние сме цврсто убедени и работиме во прилог на целосно имплементирање на Охридскиот рамковен договор и некогаш има разлика во гледање на концепти со партнерот, но и со другите политички партии во Република Македонија. Ако сите сме посветени на целосно имплементирање на Рамковниот договор и работиме во функција на тој дух, тогаш значи мислам дека нема потреба да размислуваме за други правни механизми или нови политички уредувања на државата.
Да го завршиме разговорот со она што е ветено на граѓаните од вашата партија како стратешка цел, а тоа е членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Има ли различни ставови во членството по пораката на Филе дека нема преговори со Европската унија без решение на спорот за името, од иста причина нема ништо и од нашето членство во НАТО. Има ли ДУИ идеја како да се оди напред?
Ние сме целосно посветени на тоа прашање. Сега, но и понатаму, ЕУ и НАТО ќе останат топ приоритети на Демократската унија за интеграција и нема цена, нема причина која може да не премисли околу овие две прашања. Ќе направиме сè да ја постигнеме целта за интегрирање на Република Македонија во НАТО и ЕУ, бидејќи цениме дека нема друга алтернатива и тоа е единствената алтернатива за граѓаните на Македонија, но треба да се има предвид дека ние сме дел од владата, не сме цела влада.