Достапни линкови

Меѓуетничките во заложништво на меѓупартиските односи


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски се обраќа на прославата на 20-годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски се обраќа на прославата на 20-годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Секое одолговлекување и продлабочување на кризата може да се одрази и на меѓуетничките односи, предупредуваат аналитичарите.

Актуелните политички прашања во овој период биле тема на централното претседателство на Демократската унија за интеграции синоќа. Од партијата информираат дека остануваат на веќе познатиот став дека преку законски механизми ќе го блокираат донесувањето на законот за бранители, но, како што велат, без притоа да ја загрозат работата на институциите. Таквата постапка би можела да потрае, велат од партијата. На состанокот се зборувало и за проблемот со таблите со нови имиња на училиштата во Чаир, но велат дека тоа останува проблем кој треба да го решаваат општината и надлежното министерство.
Најверојатно, ако не направат нешто повеќе во однос на смирување на состојбите, односно смирување пред сè како партнери во коалицијата, тогаш може да се очекува и евентуална дестабилизација која ќе се однесува на некоја политичка криза.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

Претстојниот извештај за напредокот на земјата бил исто така тема на разговор на претседателството, кое, како што велат, се случува најмалку еднаш месечно.
Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.
Архивска фотографија: Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Во меѓувреме, експертите предупредуваат на можни ризици доколку се оддолжи парламентарната криза. Секое одолговлекување значи продлабочување на кризата, а тоа може да се одрази и на меѓуетничките односи, предупредува политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

„Најверојатно, ако не направат нешто повеќе во однос на смирување на состојбите, односно смирување пред сè како партнери во коалицијата, тогаш може да се очекува и евентуална дестабилизација која ќе се однесува на некоја политичка криза.“
Мој впечаток е дека нема потенцијал за посериозно загрозување на меѓуетничките односи и за посериозни меѓуетнички инциденти затоа што и политичките партии се обидуваат да го најдат решението внатре, во институциите на системот.
Владимир Мисев, политички аналитичар.

Од Институтот за демократија велат дека ваквата политичка состојба е реална слика на содржината на македонското општество.

„Затоа што и истражувањето коешто и ние го имаме покажува јасна етничка поделеност по однос на перцепциите и ставовите на граѓаните за решавањето на правата на борците од конфликтот без разлика од која етничка припадност доаѓаат“, изјави Владимир Мисев од Институтот за демократија.

Состојбата, според Рамадани, може да се подобри само доколку владините партнери седнат на маса и најдат заедничко решение за излез од состојбата.

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го избраа најлошиот начин во таа нивна евентуална импровизација за подигнување на нивниот рејтинг.“

Според Мисев, кризата нема наскоро да се реши, но тој не очекува влошување на меѓуетничката доверба во земјата. Судејќи според досегашното искуство, партиите ќе се обидат да ги потиснат актуелните проблеми, вели тој.

„Мој впечаток е дека нема потенцијал за посериозно загрозување на меѓуетничките односи и за посериозни меѓуетнички инциденти затоа што и политичките партии се обидуваат да го најдат решението внатре, во институциите на системот“, заклучува Мисев.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG