Немам намера да се правдам за мојата изјава и да им ја објаснувам на оние што не разбираат, коментира генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, по вчерашната изјава дека неговата партија не би влегла во влада во која премиерот би го одредила ДУИ.
„Она што јас сум го кажал е дека СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде Демократската унија за интеграција. И мислам дека со тоа се сум кажал. Не сум спомнал ниту етничка припадност, ниту било што друго“, изјави Петров.
Изјавата на Петров не сака да ја коментира ниту нивниот коалициски партнер НСДП. Лидерот на оваа партија Тито Петковски вели дека дека како партија не можат да дадат безусловна поддршка на предложениот закон, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на која било друга партија.
„Јас не би сакал да коментирам нивен став, тоа е сепак нивен став, но останува нејасно дали во ниеден случај не би се прифатила да речеме варијантата за влада без ВМРО-ДПМНЕ. Јас не би одбил во ниту еден случај.“
Петров тврди дека ставот на СДСМ во однос на законот за бранителите е принципиелен и не е променет од 2008 година. Демантира дека со тоа што му даваат поддршка на предлог законот ја пропуштаат шансата да бидат граѓанска партија и алтернатива на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашиот став е принципиелен. Немаме намера на каков било начин да учествуваме во меѓусебните пазарења меѓу коалиционите партнери.“
За разлика од ваквите тврдења, Владо Бучковски од СДСМ вели дека целиот развој на настаните значи дека СДСМ влетал во стапицата на ВМРО-ДПМНЕ и, како што вели, погазил дел од политиките кои ги градел во периодот по конфликтот.
„СДСМ не може да го копира и емитира ВМРО-ДПМНЕ во делот на национализмот и сега на овој лажен патриотизам и ова е само една од серијата грешки со што СДСМ ја пропушта шансата да биде многу, многу поинаква партија од ВМРО-ДПМНЕ и да го промовира граѓанскиот концепт и да го промовира вистинскиот социјалдемократски лик на една модерна партија“, вели Бучковски.
Од Демократската партија на Албанците не сакаа да го коментираат однесувањето на опозицијата. Зиадин Села од оваа партија вели дека не е коректно да се коментира однесувањето на партија со која се заедно во опозиција.
„Има документирани изјави од страна на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на ДУИ итн., што се дел од власта. Да коментираме изјави меѓу партиите во опозиција мислам дека не е коректно“ вели Села.
Во меѓувреме, политичката криза се продлабочува. Предлог законот за бранители го парализираше Парламентот. Вчера ДУИ, ДПА и НДП гласаа против сите предлог-закони ставени на дневен ред. Тие побараа симнување на предлог законот за бранители од дневен ред, но нивното барање не беше усвоено.
Она што јас сум го кажал е дека СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде Демократската унија за интеграција. И мислам дека со тоа се сум кажал. Не сум спомнал ниту етничка припадност, ниту било што друго.Андреј Петров, СДСМ.
„Она што јас сум го кажал е дека СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде Демократската унија за интеграција. И мислам дека со тоа се сум кажал. Не сум спомнал ниту етничка припадност, ниту било што друго“, изјави Петров.
Изјавата на Петров не сака да ја коментира ниту нивниот коалициски партнер НСДП. Лидерот на оваа партија Тито Петковски вели дека дека како партија не можат да дадат безусловна поддршка на предложениот закон, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на која било друга партија.
СДСМ не може да го копира и емитира ВМРО-ДПМНЕ во делот на национализмот и сега на овој лажен патриотизам и ова е само една од серијата грешки со што СДСМ ја пропушта шансата да биде многу, многу поинаква партија од ВМРО-ДПМНЕ и да го промовира граѓанскиот концепт и да го промовира вистинскиот социјалдемократски лик на една модерна партија.Владо Бучковски, СДСМ.