Достапни линкови

Законот за бранители го парализира Парламентот


Собраниска расправа.
Собраниска расправа.

Поради законот за бранители, ДУИ гласаа против предлог законите ставени на дневен ред на собраниската седница. Парламентот е парализиран, еден ден откако од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека институциите функционираат.

Политичката криза се продлабочи. Предлог законот за бранители го парализираше Парламентот. ДУИ, ДПА и НДП гласаа против предлог законите ставени на дневен ред. Прва жртва на расправата меѓу пратениците е заменик народен правобранител Невенка Крушаровска која нема да оти во пензија, иако ги усполнува условите за старосна пензија. Причина за тоа е што во Собранието пратениците на ДУИ гласа против, а со тоа не се исполнува условот за гласање со бандетерово мнозинство, па Крушаровска ќе си остане на работа.
Сепак секој има законско право да оди во пензија, а да гласаш против тоа некој да оди во пензија, со сила да го тераш да работи, тоа останува на јавноста да оцени дали пратениците го злоупотребиле своето право.
Трајко Вељановски, Претседател на Собранието на Македонија.

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски изјави дека без разлика на ситуацијата тој морал да го стави предлогот на народниот правобранител на гласање.

„Сепак секој има законско право да оди во пензија, а да гласаш против тоа некој да оди во пензија, со сила да го тераш да работи, тоа останува на јавноста да оцени дали пратениците го злоупотребиле своето право.“

Пратеникот на ДУИ Талат Џафери, смета дека со нивното однесување во парламентот не го злоупотребуваат гласањето со бандетерово мнозинство.
Ние бевме транспаренти уште на почетокот на оваа седница, од принципиелен апсект заради фактот што ДУИ е против една од точките на дневниот ред ќе гласа против секоја точка на дневниот ред на оваа седница.
Талат Џафери, ДУИ.

„Ние бевме транспаренти уште на почетокот на оваа седница, од принципиелен апсект заради фактот што ДУИ е против една од точките на дневниот ред ќе гласа против секоја точка на дневниот ред на оваа седница“.

Симнување на предлог законот за бранители од дневен ред покрај ДУИ, побараа и пратениците од ДПА и НДП. Но нивното барање не беше усвоено. На индиректен начин за бојкотот придонесоа и дел од министри и нивните претставници кои или не се јавуваа за збор, или доцнеа или воопшто не се појавија во Собранието за ги образложат потребите од одлучувањето по нивните предлози во Парламенотот.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.

Од друга страна пак СДСМ не се огласи во Собранието, туку тоа го направија во седиштето на нивната партија и порачаа дека неодговорното однесување на владините партнери ги продлабочува тензиите во земјава и ги прават граѓаните заложници на нивните политички каприци. Андреј Петров одговарајќи на новинарско прашање изјави дека СДСМ ниту разговарала ниту договорала можна коалиција со ДУИ.
СДСМ со ДУИ не разговарала, ниту пак за такви работи воопшто станало збор. Нашиот став јасно сме го кажале, СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде ДУИ.
Андреј Петров, СДСМ.

„ Ниту сме договориле, ниту сме разговарале за такво нешто. Тоа, како и многу други работи кои излегоа во јавноста се обични шпекулации и манипулации смислени во кујната на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ со ДУИ не разговарала, ниту пак за такви работи воопшто станало збор. Нашиот став јасно сме го кажале, вчера имавме и соопштение за јавноста во која подвлековме дека СДСМ нема да учествува во Влада во која премиерот ќе го даде ДУИ. “

Премиерот Никола Груевски откако се врати од роуд шоуто низ САД и Канада иако имаше јавни настапи тој не и се обрати на јавноста за случувањата во владината коалиција. Наместо тоа Директот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на кратко изјави дека коалицијата и институциите функционираат.

Аналитичарите сметаат дека со ваквото однесување на владините партнери во парламентот и надвор од него, тие само купуваат време и глумат дека се лути противници, додека сите го очекуваат договорот за спорните прашања за кои експертите сметаат дека ќе се постигне подалеку од очите на јавноста.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG