Достапни линкови

Загинатите од ОНА се проблем, а со живите во коалиција


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на предизборен митинг во Охрид во 2011 година.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на предизборен митинг во Охрид во 2011 година.

Не би се поклонил на загинат припадник од екстремистичка и терористичка војска која ја нападна Македонија во 2001 година, рече пратеникот Веле Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, но не сакаше да одговори на прашањето дали му пречат живите команданти на ОНА со кои е во коалиција.

Прво беше Уставот, потоа делови од закони, собранискиот деловник, Охридскиот рамковен договор и тоа трае ли трае, но што е следно за читање. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери веќе втор ден по неколку часа на пратениците од Собраниската комисија за труд и социјална политика, која расправа за предлог законот за бранители, им чита членови од Уставот и законите. Неговите колеги пратеници се шегуваат дека на ред за читање ќе дојдат и Библијата и Куранот. Според деловникот на Собранието, дискусиите во комисиските расправи не можат временски да се ограничат.
Мој став е дека не би се поклонил на загинат припадник од екстремистичка и терористичка војска која ја нападна Македонија во 2001 година.
Веле Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

За време на паузата која ја даде претседателката на Комисијата од „хумани причини“, Џафери кратко пред новинарите одговори дека дебатата ќе трае и дека ДУИ не се шегува со ова прашање, односно дека низ собраниски и демократски процес ќе го спречат донесувањето на овој закон.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими и делегација од АРМ положија цвеќе на споменикот на припадниците на ОНА во Слупчане.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими и делегација од АРМ положија цвеќе на споменикот на припадниците на ОНА во Слупчане.

„Сега јас сум говорник, имам збор.“

На новинарско прашање дали тоа е стратегијата на ДУИ, тој само кусо рече:„Ќе го слушате говорот.“
Немам право да кажам дека овој закон може да предизвика предвремени избори. Се надевам дека нема да дојде до тоа. Ако ги следите изјавите на претседателот, Владата функционира во полн состав.
Веле Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не прецизираше дали ова ќе биде пракса и на другите комисии кои се закажани деновиве во Собранието. Од ДУИ неофицијално објаснуваат дека нема да дозволат предлог законот да ја помине матичната комисија и да влезе во собраниската сала на гласање и дека имаат кондиција долго да беседат. Следна говорничка ќе биде пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети и останати членови на партијата.

За разлика од ДУИ, нивниот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реторика. Пратеникот Веле Ѓорѓиевски, коментирајќи ја ситуацијата во Собранието, изјави дека секој има право да говори колку што мисли дека е потребно и дека законот мора да се донесе. Тој го искоментира и однесувањето на министерот Фатмир Бесими.

„Мој став е дека не би се поклонил на загинат припадник од екстремистичка и терористичка војска која ја нападна Македонија во 2001 година.“

На новинарско прашање, зошто му пречат паднатите борци на ОНА, а не му пречат командантите што се живи и што се во влада и парламент, тој одби да одговори.

„Јас мислам дека доволно прашања одговорив.“

Тој оцени дека несогласувањата не значат распад на коалицијата, но додаде дека за законот немало никаков договор меѓу владините партнери.

„Немам право да кажам дека овој закон може да предизвика предвремени избори. Се надевам дека нема да дојде до тоа. Ако ги следите изјавите на претседателот, Владата функционира во полн состав.“

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во интервју за телевизијата 24 вести изјави дека поклонувањето во Слупчане не е провокација туку чин на помирување кое мора да го има, а лидерот на ДУИ Али Ахмети е подготвен заедно со кој било политичар да се поклони пред споменикот на бранителите во Карпалак.

Поделеноста по етничка линија во Собранието што настана по предлог законот за бранителите поднесен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ е опасна и може да доведе до зголемени тензии во и онака кревките меѓуетнички односи, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG