Достапни линкови

Прекршочни пријави за непослушните директори


Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.
Основното училиште Цветан Димов незаконски преименувано во Хасан Приштина во Чаир, Скопје.

Државниот просветен инспекторат поднесе прекршочни пријави против директорите на училиштата во Чаир кои не ги отранија таблите со новите имиња


Прекрошочни пријави поднесе Државниот просветен инспекторат до Основниот суд против директорите кои не го исполнија барањето да ги вратат имињата на училиштата од општина Чаир. Просветниот инспекторат достави и предлог до училишните одбори и до градоначалникот на Чаир Изет Меџити за разрешување на директорите од функцијата. Казните изнесуваат по 2.000 евра за правниот субјект и по 500 до 800 за одговорните лица.

Инспекторатот денеска изврши контролен надзор откако вчера истече законскиот рок директорите на училиштата да ги отстранат таблите со новите имиња. Од таму информираат и дека Министерството за образование и наука не може да постапува во случајот со отстранувањето на бистите и дека за тоа се известени институциите кои ја имаат таа надлежност.


Така што, тоа може да потоа институционално се направи и ако има потреба и преку Министерството за образование да се интервенира и да се отстранат таблите и да се вратат евентуално старите табли. Доколку е нешто предмет на казниво дело, во случајов прекршок, тогаш до констатирањето на тоа дека е сторен прекршок мора и да се постапи по тоа, односно да се исполни, да се доведе во ред во законски норми одлуката и да се отстранат тие табли.
Еленко Миланов, адвокат.
Адвокатот Еленко Миланов вели дека доколку бидат поднесени прекршочни пријави за одговорните лица тоа автоматски не го одлага отстранувањето на таблите.

„Така што, тоа може да потоа институционално се направи и ако има потреба и преку Министерството за образование да се интервенира и да се отстранат таблите и да се вратат евентуално старите табли. Доколку е нешто предмет на казниво дело, во случајов прекршок, тогаш до констатирањето на тоа дека е сторен прекршок мора и да се постапи по тоа, односно да се исполни, да се доведе во ред во законски норми одлуката и да се отстранат тие табли.“

Од ДУИ, пак, велат дека не можат да ги кометираат информациите кои се појавија во некои медиуми дека градоначалникот на Чаир Изет Меџити, кој е и потпретседател на партијата, ќе понесе тужба против министерот Кралев кога Просветниот инспекторат ќе ги активира прекршочните пријави. Според ДУИ, тоа е општинска одлука, која ќе биде донесена од претставниците на сите политички партии. Миланов додава дека временскиот рок не е истечен, бидејќи тој бил поставен во недела, кој е неработен ден.

„Доколку последниот ден од рокот паѓа во неработен ден за државните институции, тогаш по автоматизам, по сила на закон, рокот се продолжува заклучно со истекот на 24:00ч. од првиот работен ден, така што во конкретниот случај рокот за отстранување и постапување согласно решението е денешниот ден.“

Според Министерството за образование, имињата на училиштата се дефинирани во статутот, а неговата измена може да биде извршена само со нивната согласност. За разлика од општина Чаир за која преименувањето на училиштата „Рајко Жинзифов“, „Никола Вапцаров“, „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“ е законска. Аналитичарите, пак, очекуваат меѓуетничките односи да бидат влошени доколку не се најде решение за ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG