Достапни линкови

Нерегуларности или алиби за изборниот неуспех во Битола


Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Локални избори 2013.

СДСМ се жали на изборни нерегуларности во Битола. ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека ваквите обвинувања се алиби за слабиот изборен резултат на опозицијата.

Битола во втор круг ќе одлучува за градоначалник меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески и на СДСМ, Менде Диневски. На актуелниот градоначалник Талески, кој се бори за трет мандат, му недостигаа уште 600 гласови за да победи во првиот круг. Тој освои околу 27.000 гласови, а неговиот противкандидат околу 22.000.
Имаше сериозни нарушувања на изборниот молк. Поткупување и потплатување. Затекнати лица со избирачки ливчиња надвор од избирачкото место т.е. бугарски воз, затекнати фантомски гласачи.
Менде Диневски,кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.

Диневски не успеа во прв круг да го победи Талески, но, успеа да повлече 10.000 повеќе гласачи отколку кандидатот од неговата партија пред четири години. Тој изјави дека резултатите ќе беа подобри доколку не се случеа нерегуларности за време на гласањето во Битола.
Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

„Имаше сериозни нарушувања на изборниот молк. Поткупување и потплатување. Затекнати лица со избирачки ливчиња надвор од избирачкото место т.е. бугарски воз, затекнати фантомски гласачи. А голем дел од нашите традиционални гласачи ги немаше на гласачкиот список. Ние ќе ги преземеме сите законски мерки за расчистување на бројните злоупотреби на изборниот процес, а во наредните неколку дена ќе ја промовираме и белата книга во која ќе ги нотираме сите малверзации со кои беше украдена победата на битолчани во првиот круг“, изјави Диневски.
Најавувам голема историска победа. Мислам дека тоа ќе биде најголемата победа во општина Битола.
Владимир Талески, градоначалник и кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите обвинувања се алиби за слабиот изборен резултат на опозицијата. Кандидатот на владејачката партија Талески освои скоро идентичен број на гласови како и на локалните избори пред четири години. Само што тогаш имаше дури 15.000 гласа повеќе од опозицијата, а сега околу 5,5 илјади.

Според Талески, во вториот круг го носат големиот број неважечки ливчиња.

„Има над две илјади неважечки ливчиња кои подразбираат уште еден круг. Не очекувавме толкава бројка неважечки ливчиња. Наши сознанија се дека тие 80 до 90 проценти се наши гласови, поддршка наша. Најавувам голема историска победа. Мислам дека тоа ќе биде најголемата победа во општина Битола зашто сето она што го понудивме граѓаните го препознаа. Тоа значи поддршка на една голема преродба во следниот мандат на општина Битола“, изјави Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG