Достапни линкови

Џокер - ветувањата оставени за вториот круг


Премиерот Никола Груевски во посета на Велес.
Премиерот Никола Груевски во посета на Велес.

Оние што избраа градоначалник во првиот круг беа сто пати пишман во овие две недели. Судејќи според тоа какви убавини им понудија кандидатите на граѓаните во општините каде што ќе има втор круг, најверојатно на следните локални избори никој нема да биде избран во првиот круг.

„Зар крај, зар вистина е крај“, овој рефрен од евергринот на Веле Матевски од 70-те години, си го потпевнуваат денеска оние што на овој или на оној начин ја следат изборната кампања. Некои радосни зашто конечно ќе заврши тортурата врз сите сетила, што ни ја подготвија кандидатите за општински власти, а некои пак, тажни, затоа што најинтересна работа во нивните животи е кога има кампања пред некои избори.
ВМРО-ДПМНЕ има повеќе советници, односно мнозинство советници во Советот, потребно е и кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев да ја добие поддршката, само во тој случај владата ќе има партнер овде во Велес со кој ќе може нормално да соработува, без кочење, без инаетење.
Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во последната седумдневна етапа особено активни беа кандидатите на владејачката коалиција- повторно се држеа митинзи, средби со граѓани, медиумите беа полни со реклами. Се редеа нови ветувања, се убедуваа граѓаните дека животот ќе им биде поубав ако нивните луѓе се на чело на општините. Сето тоа беше проследено со нагласена поддршка од високи, па и највисоки членови на владата, на кои, каква коинциденција, им „излегуваше некоја работа“ баш во тие општини каде што ќе има втор круг гласање
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ има повеќе советници, односно мнозинство советници во Советот, потребно е и кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев да ја добие поддршката, само во тој случај владата ќе има партнер овде во Велес со кој ќе може нормално да соработува, без кочење, без инаетење“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Велес.
Посилно од неправдата што ја практикува ВМРО-ДПМНЕ е божјата правда.
Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Се разбира, тој ова не им го кажуваше на граѓаните во Центар, затоа што таму ситуацијата е обратна- опозицијата го освои мнозинството во општинскиот Совет.

Во опозицијата, пак, освен активностите на неколкутемина кандидати кои минаа во вториот круг, интересно беше чекањето на одлуката на Управниот суд за тоа дали во Струмица ќе има повторено гласање на три гласачки места. Актуелниот градоначалник Зоран Заев, кој вели дека му е нанесена голема неправда од страна на судот, на почетокот на кампањата велеше

„Уште кога го објавија мојот противкандидат, само реков - Милозлив е господ кон мене.“

Сега Заев се уште верува дека Господ е на негова страна.

„Посилно од неправдата што ја практикува ВМРО-ДПМНЕ е божјата правда.“

А кај партиите на Албанците единствено извесно беше тоа дека сите поголеми партии во вториот круг ќе го поддржат кандидатот на ДПА за градоначалник на Струга. Во другите општини каде што има и нивни кандидати, кампањата се одвива во сличен тон како и кај нивните колеги Македонци.

На крајот на вториот дел од кампањата, едно е сигурно. Оние што избраа градоначалник во првиот круг беа сто пати пишман во овие две недели. Судејќи според тоа какви убавини им понудија кандидатите на граѓаните во општините каде што ќе има втор круг, најверојатно на следните локални избори никој нема да биде избран во првиот круг.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG