Желбата луѓето да размислуваат со своја глава и да имаат одредено ниво на континуирана свесност не се едноставни и наивни барања. Не, тоа се барања кои предизвикуваат болка, а претпоставуваат храброст.
Да имаш став значи да мислиш. Мислењето претставува процес на прибирање информации и нивно процесирање низ сопствениот филтер на вредности. За да ги „изџвакаш“ информациите во сопствената глава ти треба добро умствено сечило наречено критички однос кон себе и светот. Тоа бара напор. Тоа бара соочување со болни точки кои секогаш сме подготвени да ги игнорираме. Да се бориш за права, да градиш алтернативи, да зборуваш за проблеми, да иницираш, да пружиш отпор – тоа значи преземање голем дел од одговорноста за она што ти се случува. А тоа е страшно за луѓе кои навикнале „водата да ги носи“. Тоа е уште пострашно за луѓе кои навикнале дека оној другиот е виновен за сѐ.
Уште од дете, каде и да се свртев слушав жалопојки за проколнатиот македонскиот менталитет. Студенти, професори, продавачки, пензионери, роднини, стручни лица, земјоделци, граѓани и селани, сите до еден во своите анализи на секојдневието, општеството, политиката, комшиските односи, низ краток процес на инстант дедукција едногласно заклучуваат дека на земјава никогаш нема да ѝ тргне и за сѐ е виновен оној наш „менталитет“ кој ќе не уништи.
Не можев, а да не посветам одредено време од животов на размислување од што е сочинета таа колективна фантазија и сфатив дека, како и секој друг стереотип, и стереотипот за Македонецот има свои корени во реалноста. Имено, долгата уникатна историја на еден народ го создава колективното несвесно на истиот, кое понатаму ја дава основата за реплицирање на одредени особини и вредности, дополнително негувани од традиции во културата и семејството. Меѓутоа, колку е оправдано современиот Македонец сите свои незгоди да ги припишува на овој фактор? Каде е овде компонентата на свесен напор и труд за промена и развој? Спротивно на ова, луѓето околу мене претпочитаат да се однесуваат како сѐ околу нив да е однапред одредено и запечатено - ваквиот детерминизам е најплодната почва за неиницијативност и неангажираност.
Во структурата на таа колективна психа пред сѐ се наоѓаат озлогласените пасивност и некритичност, отелотворени во студентско „стадо овци“, граѓански молк, плашливо чекање друг да ги извојува нашите битки. Нареден стадиум по улогата на пасивни реципиенти на животните текови, е улогата на кутра жртва, за која е најкарактеристично непреземањето на одговорност за кое било зло, грешка и неуспех и особен фетиш на сожалување од другите. И на врвот, се разбира, се наоѓа ултра-популарниот „комплекс на пониска вредност“, банализиран термин со чие објаснување кај нас се занимава кој стигне, иако си постои наука и за тоа. Нејсе, тој комплекс се манифестира со силен порив за измачување и обезвреднување на себеси.
Во контекст на тоа, интересно е да се спомне еден механизам од гешталт терапијата наречен „ретрофлексија“. Во склоп на овој механизам, „ретрофлектирачот“, предолго спречен да го изрази и направи тоа што сака во релација со субјектот/објектот за кој тие чувства се наменети, завршува правејќи си го себеси она што оригинално сакал да го направи во однос на другите. Така тој престанува да ја насочува својата енергија кон надворешноста во обид да влијае на средината и да предизвика промени кои ќе ги задоволат неговите потреби – наместо тоа, ја пренасочува енергијата мобилизирана од потребата да дејствува во надворешната средина – кон себеси. Гневот и лутината кон оној кој ми нанел неправда завршува како гнев и лутина кон самиот себе, константното незадоволство кое не можам да го искажам а со тоа и исфрлам се претвора во отпадок заглавен внатре, и во својата долготрајна форма води кон соматски болести и нарушувања.
Менталитетот како народско оправдување за сето зло што нѐ опкружува претставуваше колективна мантра сѐ до последниве неколку години кога беше отпочнат еден нов процес: интензивно исфрлање на комплексот на пониска вредност од метаболизмот и негова насилна замена со комплекс на супериорност. Затоа што екстрем со екстрем се избива. Ужасно трагично е тоа што и во двата случаи се само две страни на иста паричка, а во основата на двете димензии на колективната „искомплексираност“ не се наоѓа ништо повеќе од длабока несигурност во себеси. Ние со децении не се занимаваме со решавање на проблемот, туку со префарбување на фасадата - нашата колективна несигурност доби нова дебела маска во облик на бајка за супериорноста на една нација. Притоа, тешко е да се утврди која од двете искривени перцепции е полоша, но принципот на функционирање е веќе дефиниран.
Прво, со најголемо задоволство би одбегнале самостојно размислување затоа што тоа е заморен и честопати болен процес, но кога баш мораме да го правиме тоа, набрзо со задоволство ќе одлучиме дека друг е одговорен за нашите проблеми, а кога сме спречени да ја префрлиме вината на тој начин, обесхрабрено заклучуваме дека сепак „самите сме криви за сѐ“ со посебен нагласок на драматично себесожалување.
Ќе треба време додека го најдеме колективниот внатрешен мир. Ќе треба да изгледаме уште многу мегаломански или патетични толкувања на реалноста и притоа да останеме релативно нормални. „Македонскиот менталитет“ е сѐ уште во примитивна состојба на неизбалансираност; ќе му биде потребно уште многу време додека силите во него се помират меѓу себе и овозможат здрав напредок.
А во меѓувреме?
Да не убедуваме. Да не пропагираме. Да бидеме активистичкиот етички прогрес кој сакаме да го видиме во нашата околина, но да не настојуваме сите да станат како нас, и да не ги мразиме поради тоа. Да се насочиме кон заедништво, наместо национализам. Да поставуваме прашања. Да поттикнуваме размислување наместо послушност, макар и да се работи за најблагородната идеја на светот. Да зборуваме за аргументи, критичност, соработка, култура на комуникација и дискусија. Да не презентираме решенија. Да им покажеме на другите како сме го изградиле ставот и да им дадеме простор да створат свој.
И да имаме многу, многу, многу трпение за себе и другите.
Сите до еден во своите анализи на секојдневието, општеството, политиката, комшиските односи, низ краток процес на инстант дедукција едногласно заклучуваат дека на земјава никогаш нема да ѝ тргне и за сѐ е виновен оној наш „менталитет“ кој ќе не уништи.

Во структурата на таа колективна психа пред сѐ се наоѓаат озлогласените пасивност и некритичност, отелотворени во студентско „стадо овци“, граѓански молк, плашливо чекање друг да ги извојува нашите битки.
Во контекст на тоа, интересно е да се спомне еден механизам од гешталт терапијата наречен „ретрофлексија“. Во склоп на овој механизам, „ретрофлектирачот“, предолго спречен да го изрази и направи тоа што сака во релација со субјектот/објектот за кој тие чувства се наменети, завршува правејќи си го себеси она што оригинално сакал да го направи во однос на другите. Така тој престанува да ја насочува својата енергија кон надворешноста во обид да влијае на средината и да предизвика промени кои ќе ги задоволат неговите потреби – наместо тоа, ја пренасочува енергијата мобилизирана од потребата да дејствува во надворешната средина – кон себеси. Гневот и лутината кон оној кој ми нанел неправда завршува како гнев и лутина кон самиот себе, константното незадоволство кое не можам да го искажам а со тоа и исфрлам се претвора во отпадок заглавен внатре, и во својата долготрајна форма води кон соматски болести и нарушувања.
Менталитетот како народско оправдување за сето зло што нѐ опкружува претставуваше колективна мантра сѐ до последниве неколку години кога беше отпочнат еден нов процес: интензивно исфрлање на комплексот на пониска вредност од метаболизмот и негова насилна замена со комплекс на супериорност. Затоа што екстрем со екстрем се избива. Ужасно трагично е тоа што и во двата случаи се само две страни на иста паричка, а во основата на двете димензии на колективната „искомплексираност“ не се наоѓа ништо повеќе од длабока несигурност во себеси. Ние со децении не се занимаваме со решавање на проблемот, туку со префарбување на фасадата - нашата колективна несигурност доби нова дебела маска во облик на бајка за супериорноста на една нација. Притоа, тешко е да се утврди која од двете искривени перцепции е полоша, но принципот на функционирање е веќе дефиниран.
Прво, со најголемо задоволство би одбегнале самостојно размислување затоа што тоа е заморен и честопати болен процес, но кога баш мораме да го правиме тоа, набрзо со задоволство ќе одлучиме дека друг е одговорен за нашите проблеми, а кога сме спречени да ја префрлиме вината на тој начин, обесхрабрено заклучуваме дека сепак „самите сме криви за сѐ“ со посебен нагласок на драматично себесожалување.
„Македонскиот менталитет“ е сѐ уште во примитивна состојба на неизбалансираност; ќе му биде потребно уште многу време додека силите во него се помират меѓу себе и овозможат здрав напредок.