Си мислев-еве ги, оние кои се заморуваат со драматични случувања како на пример, избори, како да е во човечката природа даден закон да му посветиш голем дел од својата енергија на одбирање која особа да добие медал дека му е најголем, еве ги оние кои во тоа не наоѓаат никаква смисла, ене ги оние кои се лути затоа што нечиј циркус упорно се труди да им се наметне во личниот простор, оние кои од непознати причини едвај стигнуваат воздух да земат, и потоа, куп лутачи кои по секоја цена би си ги испразниле главите од сите струења околу нив.
Си мислев и нешто друго - иако понекогаш скоро му дозволуваме да ни продре во свеста, принципот на селективна перцепција сè уште владее со нашите индивидуални и колективни доживувања на реалноста. Си запишуваме некоја хипотеза во камен, поаѓаме во лов по докази, самите внимателно ги одбираме и подредуваме во мозаик во кој залепени ќе останат секогаш, и потем дури глумиме дека повремено ја тестираме реалноста како би покажеле ширина на дух и отвореност на ум; а таа, сета преморена како сексуална работничка која немала учество во изборот на својата професија, ни го дава резултатот по кој копнееме.
Да, баш околу тоа особено многу си се мислев. Понекогаш не сме ништо повеќе од обични слуги на нашите фикс идеи. Со тоа, животот има еден притаен квалитет на длабока и сепродирачка слатка патетика: основната форма на театарот е онаа во која истите луѓе се и актери и публика, притоа верувајќи дека се всушност брилијатните режисери.
Не знам дали постои Бог, сфатен во стереотипната смисла на одвоен ентитет. Но денес мислам дека не постои. Да бидам искрена, и вчера мислев оти не постои. Утре пак ќе проверам. Ама сега за утре не можам да бидам сигурна. И уште повеќе, тоа знаење не ми е ни потребно.
Се сеќавам на една прекрасна сцена во еден документарен филм за животот на Буда: тој, веќе исцрпен од потрагата по конечните одговори која дотогаш му се покажала залудна, и покрај посветеното изучување и практикување на сите учења кои ги сретнал, седнува под големото дрво, и вели нема да се поместам од овде додека не го најдам тоа што го барам. Вистината. Ќе седам, потполносмирен, додека не ја досегнам врвната мудрост. Ги надминува сите препреки и внатрешни демони, не со избегнување, не со негирање, туку со полна свесност за сѐ во и околу него. Чист од претпоставки, уверувања и очекувања, набљудувајќи го светот околу себе со мирно рамномерно прифаќање, таков каков што е, сега и токму овде, одеднаш го наоѓа бараното.
Си мислев - треба да се потсетувам на таа слика, секогаш кога мојата апсолутна увереност почнува да ме терориризира мене и мојата околина; оти мојот дисбаланс не треба да порасне во дисбаланс на општеството. Тоа би бил квалитет кој не носи победа во дискусија, висока позиција во социјалниот поредок, или популарност. Но јас го избирам за свој стремеж, многу поискрен од другите постоечки, оти најголем дел од нив, баш и не ги избрав самостојно.
А сега си мислам - во таков луд случај кога огромно мнозинство би избрало да не ја тероризираат својата околина со своите ставови и очекувања, сѐ и сешто може да ни се случи. Планетата ќе се прошири, ослободена од притисокот на милијарди тврди ѓонови, па ќе земе воздух толку длабоко полнејќи ги градите, што после неколку земјотреси, гледај чудо: сите слободно дишиме.
Основната форма на театарот е онаа во која истите луѓе се и актери и публика, притоа верувајќи дека се всушност брилијатните режисери.
Си мислев и нешто друго - иако понекогаш скоро му дозволуваме да ни продре во свеста, принципот на селективна перцепција сè уште владее со нашите индивидуални и колективни доживувања на реалноста. Си запишуваме некоја хипотеза во камен, поаѓаме во лов по докази, самите внимателно ги одбираме и подредуваме во мозаик во кој залепени ќе останат секогаш, и потем дури глумиме дека повремено ја тестираме реалноста како би покажеле ширина на дух и отвореност на ум; а таа, сета преморена како сексуална работничка која немала учество во изборот на својата професија, ни го дава резултатот по кој копнееме.
Да, баш околу тоа особено многу си се мислев. Понекогаш не сме ништо повеќе од обични слуги на нашите фикс идеи. Со тоа, животот има еден притаен квалитет на длабока и сепродирачка слатка патетика: основната форма на театарот е онаа во која истите луѓе се и актери и публика, притоа верувајќи дека се всушност брилијатните режисери.
Не знам дали постои Бог, сфатен во стереотипната смисла на одвоен ентитет. Но денес мислам дека не постои. Да бидам искрена, и вчера мислев оти не постои. Утре пак ќе проверам. Ама сега за утре не можам да бидам сигурна. И уште повеќе, тоа знаење не ми е ни потребно.
Планетата ќе се прошири, ослободена од притисокот на милијарди тврди ѓонови, па ќе земе воздух толку длабоко полнејќи ги градите, што после неколку земјотреси, гледај чудо: сите слободно дишиме.