Љубовта, добрината, благородноста, креативноста и уметничкиот дар ја красат Кубица Спасиќ (55) која својот работен век го поминува како негователка негувајќи ги децата од Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Иако за целото работно време таа е опкружена со група деца кои бараат внимание, трпение и разбирање, од нивната палавост и џагорот ја црпе енергијата и инспирацијата, за да во својот дом се посвети на своето хоби резбарење, сликање и уметничка обработка на лушпи од јајца.
Оваа скромна жена за која отповеќе говорат нејзините дела вели дека нејзиното хоби е и плетење, хеклање, везење и шиење. Се она за што е неопходна прецизноста. И додека многумина надарени луѓе со украсување на јајцата се занимаваат еднаш годишно кога христијаните ги одбележуваат велигденските празници, за Кубица целата година е празник, откако ќе ја здогледа олицетворена нејзината замисла. Таа раскажува:
„Ги резбам со најразлични техники, со мала бор машинка како кај забар и со неа правам најразлични фигури. Имам и сликани со темперни бои, шарани со восок како што нашите стари ги шарале, со бојадисување. Имам и со обратен процес, не се во боја туку во киселина и од најтемните јајца излегуваат се посветли фигури.“
Лушпата на јајцето е тенка и кршлива, а содржината е расиплива. Кубица првин ја ослободува лушпата, а потоа со голема трпеливост се зафаќа со уметничката изработка.
РСЕ: Колку време ви треба за да изрезбате, насликате лушпа од едно јајце?
„Треба три-четири часа. Треба прво да се нацрта со моливче. Не правам икони мислам дека ќе ја осквернавам нивната вредност, а на лушпите има најразлични наши македонски мотиви, од наши народни носии. Инспирацијата ја наоѓам насекаде околу мене, за да го пренесам тоа на јајце.“
Своите дела Кубица најповеќе им ги подарува на децата.
„За секој Велигден се трудам најубави јајца да насликам за да им ги подарам на децата. Многу дечиња доаѓаат кај мене, тие се мојата инспирација, тие знаат најубаво и најискрено да се радуваат. Затоа ми се инспирација.“
Таа раскажува дека децата се љубопитни до таму што прашуваат и дали воопшто тоа е јајце. Кубица додава дека меѓу лушпите од домашните јајца има и од ној, па дури и од ему донесено од Њујорк.
Кубица никогаш не направила изложба од нејзините уметнички дела, бидејќи за себе скромно вели дека не е уметник, а украсните лушпи освен што ги подарува на роднините и пријателите ги чува дома.
РСЕ: До кога?
„Ќе ги чувам и ќе ги подарувам“, низ насмевка вели Кубица.
Таа додава дека освен тоа, наоѓа време и за други ракотворби иако за современата жена тоа е повеќе од реткост. Реткост е или професионална деформација и тоа што без оглед што Кубица посветувала многу време од својот работен век на деца од разни генерации кои одамна се свои луѓе и имаат свои деца, таа се сеќава на нивните имиња, а големо задоволство и причинува кога ја запираат на улица и со насмевка ја потсетуваат кои се.
Ги резбам со најразлични техники, со мала бор машинка како кај забар и со неа правам најразлични фигури. Имам и сликани со темперни бои, шарани со восок како што нашите стари ги шарале, со бојадисување.Кубица Спасиќ.
Оваа скромна жена за која отповеќе говорат нејзините дела вели дека нејзиното хоби е и плетење, хеклање, везење и шиење. Се она за што е неопходна прецизноста. И додека многумина надарени луѓе со украсување на јајцата се занимаваат еднаш годишно кога христијаните ги одбележуваат велигденските празници, за Кубица целата година е празник, откако ќе ја здогледа олицетворена нејзината замисла. Таа раскажува:
„Ги резбам со најразлични техники, со мала бор машинка како кај забар и со неа правам најразлични фигури. Имам и сликани со темперни бои, шарани со восок како што нашите стари ги шарале, со бојадисување. Имам и со обратен процес, не се во боја туку во киселина и од најтемните јајца излегуваат се посветли фигури.“
За секој Велигден се трудам најубави јајца да насликам за да им ги подарам на децата. Многу дечиња доаѓаат кај мене, тие се мојата инспирација, тие знаат најубаво и најискрено да се радуваат. Затоа ми се инспирација.Кубица Спасиќ.