Изработката на ракотворби во последно време повторно побудува интерес кај младите од понежниот пол во Дебарско–жупскиот и Реканскиот регион. Невладиниот сектор преку бројни проекти успева да го зголеми бројот на жени кои ја продолжуваат добрата народна традиција за изучување на изработка на ракотворбите, но воедно се обидува да влијае и во подобрувањето на економската положба особено на женската популација во руралните средини преку продажба на ракотворбите.
„Во нашиот регион се изработуваат бројни ракотворби. Се изработуваат ракотворби од монистра, седефка, клабодан, свила и волница. Но, исто така и се изработуваат ткаенини, кои ги изработувале нашите баби на рачен разбој, а денес се прават напори младите и тоа да го усовршат и да го изработуваат. Особено е интересно изработувањето на познатите киски изработени од монистра кои се користат како апликации на фустани, на блузи, на марами и се друго што може да биде во тренд и да се продава на домашниот и странскиот пазар“, истакнува Фадрија Мустафовска, претседател на здружението на жените „Радика ДЕ“.
Таа подвлекува дека проектите за изучување на рачните ракотворби имаат голем успех и на изложбите кои се следат со огромен интерес.
„Ние имаме организирано повеќе изложби со нашите ракотворби и на нив е покажан голем интерес. На тие изложби претставници од САД, Грција, Бугарија, Италија, Турција и други земји, искажаа голем интерес за нашите изработки бидејќи тоа вреди и се прави уникатно, и се создава како ракотворба само во овој регион на Македонија , и вреди да се купи тој производ. Интерес има за пласман како на домашниот така и на странскиот пазар.“
Мустафовска додава дека со продажбата на такви ракотворби може да им се помогне економски на жените кои со своја работа ќе можат сами да заработуваат.
Ава има 16 години и со особен интерес како членка на здружението „Радика Де“ ги следи обуките за изучување на изработка на ракотворби.
„Јас учествував на повеќе обуки за изучување на рачни ракотворби и мене посебно ми се допаѓа работата со монистри и седефки и се радувам што знам како тие се изработуваат.“
Особено во руралните населени места во Река и Жупа добар дел од жените својата убава народна носија се уште ја украсуваат со ракотворби, а младите често на својата современа облека користат ракотворби изработени од монистри и седефки.
Во нашиот регион се изработуваат бројни ракотворби. Се изработуваат ракотворби од монистра, седефка, клабодан, свила и волница. Но, исто така и се изработуваат ткаенини, кои ги изработувале нашите баби на рачен разбој ,а денес се прават напори младите и тоа да го усовршат и да го изработуваат