Достапни линкови

Исчезнува македонското културно добро


Битола
Битола

Неодамна во Битола беше одржан семинар, на кој етнолозите заклучија дека македонското културно добро исчезнува. Етнолозите анализирајќи ја работата на ансамблите во државата констатираа дека недостасува прецизна идентификација и евиденција на културните добра со кои располагаат, нивна стручна заштита и едукација на кадрите.

Во културно-уметничките друштва се повеќе има авторизирани игри направени врз основа на ора од соседството што се темелат на бугарската, грчката и српската традиција, а најмалку на македонската. Има голема импровизација и во народните носии, што е погубно за нашата традиција, вели Владимир Јаневски, етнокореолог при Факултетот за музичка уметност во Штип. За состојбите со традиционалната македонска музика и игра се разговараше на семинар во Битола. Јаневски тврди дека во повеќето културно-ументнички друштва работат луѓе без стручна наобразба и смета дека Македонија нема критична маса на стручни луѓе кои ќе ја зачувуваат
Значи ние се уште сме како еснаф, посебно археолози, посебно етнолози, етномузиколози, етнокореолози, немаме еснаф кој ќе каже, стоп Македонија е богата со традиција и ние ќе се наметнема на оваа држава и ќе се наметнеме на соседните држави и ќе ја браниме нашата традиција
традицијата.

„Значи ние, се уште, сме како еснаф, посебно археолози, посебно етнолози, етномузиколози, етнокореолози, немаме еснаф кој ќе каже стоп, Македонија е богата со традиција и ние ќе се наметнема на оваа држава и ќе се наметнеме на соседните држави и ќе ја бранеме нашата традиција. Кај Грците уште во 1895 година во нивниот образован систем влезена е народната игра, традицијата. Можете да замислите тие во 19 век тоа го средиле, ние во 21 век тоа го средуваме.“

Етнолозите, анализирајќи ја работата на дел од ансамблите во државата констатираа дека кај нив недостасува прецизна идентификација и евиденција на културните добра со кои располагаат, нивна стручна заштита и едукација на кадрите. Слабостите може да доведат до уништување и исчезнување на добрата. Поради ова нагласена е потребата од едукација на кадри кои се занимаат со собирање, заштита на македонското културно добро.

„Во поновите форми на изразување имаме мешање, некои песни што од минатото се негувале како таква форма како стил на изразување, денес, нови презентери им додаваат нови содржини што не се автентични за нашата македонска музика. Тоа е опасност е опасност која мора да ја острасниме“, вели Родна Величковска, етномузиколог во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.
Имаме богат фолклор во институтот. Тоа е огромен материјал кој за жал засега не е доистражен


Таа посочува дека Институтот старее и дека му е потребен подмладок.

„Имаме богат фолклор во институтот. Тоа е огромен материјал кој за жал, засега не е доистражен. Да се надеваме дека новите генерации ќе го продолжат она до каде ние сме стигнале. Теренските истражувања се неопходни, но за жал се помалку можеме да ги обавуваме зашто недостигаат финансиски средства“, вели Величковска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG