Иако однесувањето на кандидатите и гласачите и на досегашните избори се одвива според типично партиска логика, поклопувањето на распишаните предвремени парламентарни избори со вториот круг од претседателските дополнително се очекува да го синхронизира настапот и да добиваме партиски пораки и претставување на кандидатите за претседател низ партиските програми.
„Граѓаните би требало колку-толку да се ориентираат и според личноста на предложениот кандидат, што на овој начин се засенува. Граѓаните веќе помалку можат да бираат меѓу личноста, а повеќе меѓу понудените политички опции“, изјави аналитичарот Рамадан Рамадани од Иинститутот за слободна мисла НИСМА.
Дополнително, во прилог на меѓупартиската борба оди фактот дека кандидатурите за претседател се сведоа на партиски и не може ништо повеќе да се очекува од претставување на партиските програми и на една конзистентна понуда и на едните и на другите избори, додаваат експертите. Претседателските кандидати ќе мора да искористат дел од партиските настапи за да остават впечаток кај гласачите и на крајот ќе биде интересно да се види како сето тоа влијаело врз гласачите, вели првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски.
„Ќе биде интересно да се спореди резултатот на партијата во однос на кандидатот. Јас сепак мислам дека самото партиско гласање ќе влијае доминантно и на исходот на претседателските избори, ама пак ќе биде интересно да се види дали кандидатот ќе постигне поголем или помал успех од самата партија“, вели тој.
Не се паметат претседателски избори во Македонија кои не ги промовирале партиските политики, велат експертите. Можеби единствен поинаков настап може да се прибележи од втората кандидатура на поранешниот претседател Киро Глигоров од позиција на поприлично активен претседател, анализира Кржаловски. Во ситуацијата на втора кандидатура на актуелниот претседател Иванов можеби ќе има обид за настап на повеќе од претставник на партијата, иако постапката на избор упатува прилично јасно на тоа дека неговата кампања ќе значи презентација на програмите на владејачката партија. Кандидатурата на Стево Пендаровски, пак, исто така не може да се очекува дека ќе биде далеку од политиките кои веќе ги промовира новото раководство на СДСМ, заклучува Кржаловски.
Граѓаните би требало колку-толку да се ориентираат и според личноста на предложениот кандидат, што на овој начин се засенува.Рамадан Рамадани, Иинститут за слободна мисла НИСМА.
„Граѓаните би требало колку-толку да се ориентираат и според личноста на предложениот кандидат, што на овој начин се засенува. Граѓаните веќе помалку можат да бираат меѓу личноста, а повеќе меѓу понудените политички опции“, изјави аналитичарот Рамадан Рамадани од Иинститутот за слободна мисла НИСМА.
Ќе биде интересно да се спореди резултатот на партијата во однос на кандидатот.Александар Кржаловски, МЦМС.