Собранието по неполни 3 години и по одржани 87 седници може да здивне. Седмиот пратенички состав оди во историјата, откако последните разидувања во владината коалиција околу идејата на ДУИ за консензуален претседател, по неколкумесечни тактизирања од двете партии на крај завршија со предвремени парламентарни избори.
ДУИ преку уцени сака да добие едно од трите раководни места во државата, но ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува и не прифаќа никакви уцени и закани кога се во прашање националните и државните интереси на Македонија, вели премиерот.
„Во изминатите недели и месеци ги слушнавме изјавите на ДУИ дека ќе ги бојкотираат изборите, ќе излезат од Владата и ќе бараат предвремени парламентарни избори. Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалициониот партнер. Во минатите еден или два месеци ги слушавме нивните изјави, одбегнувајќи јавни препреки од нивната одлука за предвремени избори со образложение дека наш кандидати не го гледале како консензуален, изјави Груевски.
Груевски на Конвенцијата за избор на претседателски кандидат, побара од граѓаните да и дадат 63 пратеници и претседател за да не може да бидат уценувани и да не можело да се прават било какви математики.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на својот „фејсбук“ профил напиша дека „Ова не се избори на кои прашање е дали ќе победи опозицијата или власта. Победниците се познати, а прашањето е кој ќе биде посилен фактор во идната влада, дали ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Затоа Албанците треба да ни ја дадат поддршката за 25 пратеници во идното Собрание“.
Шест години коалиција топло -ладно
Постојано со несогласувања, но постојано функционира речиси шестгодишното коалицирање во власта меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нивното партнерство почна тензично уште во 2008 година, кога ДУИ инсистираше да влезе во власта како победничка партија во албанскиот блок. Оттогаш, владините партнери се разединуваа за прашањето за името, за интеграциите во ЕУ и НАТО, нивните односи особено се заострија со Законот за бранители, а за Закон за медиуми имаа различни гледишта. И локалните избори во Кичево и Струга беа текст за владината коалиција. Владата беше доведена во прашање со имањата на училиштата во Чаир, со споменикот на Цар Душан. Претходно партнерите не се согласуваа и за добрососедските односи, ДУИ не присуствуваше на заедничката седница со српската влада.
Пред секои избори изминатите години ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги засилуваат конфликтите, но после изборите страстите се смируваат со распределба на министерските места. Пред предвремените избори во 2011, пратениците од владејачката ДУИ два дена ја бојкотираа работата на Парламентот, па така пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами го изгласаа новиот гувернер , а искричења на релација ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ се појавија и за третманот на косовските пациенти во македонските болници.
Несогласувањата и влошени односи во владејачката коалиција не се ништо ново, туку напротив многу често ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во јавноста и преку медиумите на површина ги изнесуваат проблемите за кои се чини дека немаат решение, велат експертите. Но, и покрај таквата ситуација, на крајот двете партии секогаш наоѓаат заеднички јазик.
„Тие кризи се по потреба секогаш присутни кога нешто лошо се случува или кога се ближат изборите. Оваа политика повеќе е нивна потреба како да се опстане на власт “, вели професор Алајдин Демири.
Повторувањето на шемата го отвара прашањето дали тоа свесно се прави. Познавачите велат дека и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ свесно играат на картата на национализмот за да го зголемат рејтингот и да го одвлечат вниманието на јавноста од реалните проблеми.
Од СДСМ се изјаснија дека ќе одат на избори, но бараат измени на Изборниот законик.
„Потенцираме дека оваа ситуација парламентарните избори да се совпаднат со вториот круг од претседателските избори е свесно предизвикана од владиното мнозинство. Доколку изостанат релативно малите потребни измени на Изборниот законик, тоа ќе создаде основан сомнеж дека намерата била токму создавање на хаос и безредие, кое власта ќе го злоупотреби“, изјави Рената Десковска, член на Извршен одбор на СДСМ.
Нема потреба за интервенирање во Изборниот законик или од негово толкување во Собранието, смета министерот за правда, Блерим Беџети, кој оценува дека спорната ситуација со совпаѓање на молкот за претседателските избори со кампањата за парламентарните избори, може да биде решена со став од Државната изборна комисија. Министерството ќе излезе со препораки за надминување на состојбата само ако такво нешто биде побарано од ДИК.

Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалициониот партнер.Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија.
„Во изминатите недели и месеци ги слушнавме изјавите на ДУИ дека ќе ги бојкотираат изборите, ќе излезат од Владата и ќе бараат предвремени парламентарни избори. Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалициониот партнер. Во минатите еден или два месеци ги слушавме нивните изјави, одбегнувајќи јавни препреки од нивната одлука за предвремени избори со образложение дека наш кандидати не го гледале како консензуален, изјави Груевски.
Груевски на Конвенцијата за избор на претседателски кандидат, побара од граѓаните да и дадат 63 пратеници и претседател за да не може да бидат уценувани и да не можело да се прават било какви математики.
Победниците се познати, а прашањето е кој ќе биде посилен фактор во идната влада, дали ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Затоа Албанците треба да ни ја дадат поддршката за 25 пратеници во идното Собрание.Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на својот „фејсбук“ профил напиша дека „Ова не се избори на кои прашање е дали ќе победи опозицијата или власта. Победниците се познати, а прашањето е кој ќе биде посилен фактор во идната влада, дали ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Затоа Албанците треба да ни ја дадат поддршката за 25 пратеници во идното Собрание“.
Шест години коалиција топло -ладно
Постојано со несогласувања, но постојано функционира речиси шестгодишното коалицирање во власта меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Нивното партнерство почна тензично уште во 2008 година, кога ДУИ инсистираше да влезе во власта како победничка партија во албанскиот блок. Оттогаш, владините партнери се разединуваа за прашањето за името, за интеграциите во ЕУ и НАТО, нивните односи особено се заострија со Законот за бранители, а за Закон за медиуми имаа различни гледишта. И локалните избори во Кичево и Струга беа текст за владината коалиција. Владата беше доведена во прашање со имањата на училиштата во Чаир, со споменикот на Цар Душан. Претходно партнерите не се согласуваа и за добрососедските односи, ДУИ не присуствуваше на заедничката седница со српската влада.
Тие кризи се по потреба секогаш присутни кога нешто лошо се случува или кога се ближат изборите. Оваа политика повеќе е нивна потреба како да се опстане на власт.Алајдин Демири, универзитетски професор.