Достапни линкови

Пратениците се обединија за самораспуштање


Парламентот пријателски се распушти
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:10 0:00

Парламентот се распушти

Собранието со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот собраниски состав. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 27 април

По неполни 3 години и одржани 87 седници народните пратеници гласаа за распуштање на Собранието.
Како никогаш досега многу единствени, вкупно гласаа 117 пратеници, од нив за предлогот на одлуката гласаа сите 117 пратеници, воздржани нема, против нема.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Македонија.

„Како никогаш досега многу единствени, вкупно гласаа 117 пратеници, од нив за предлогот на одлуката гласаа сите 117 пратеници, воздржани нема, против нема. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија“, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Македонија.
ДУИ смета дека има потреба од потврдување на мандатот од страна на граѓаните и лигитимирање на нашите политики.
Неџати Јакупи, ДУИ.

„По предвремените парламентарни избори политичките субјекти коишто ќе добијат легитимитет ќе постигнат договор за коалицирање и ќе формираат нов парламентарен состав. Засновајќи се врз горе наведеното и други причини, ДУИ смета дека има потреба од потврдување на мандатот од страна на граѓаните и лигитимирање на нашите политики“, рече Неџати Јакупи од ДУИ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека денеска Собранието спроведе највисок степен на демократија, односно им дозволи на граѓаните на избори да одлучуваат за својата иднина.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија одлучно ќе кажат дека не прифаќаат притисоци и уцени.“

Пратениците од опозицијата велат дека препознале игра и договор меѓу коалиционите партнери за одлуката за предвремени избори. Игор Ивановски од СДСМ вели дека сценариото и актерите се исти со години, а фактурата од нивната игра ја плаќаат граѓаните.

„Вашата игра денес завршува, на потег се граѓаните. Со своите 30 секунди, со својот глас за подобра Македонија, со мирна и чиста совест без страв и притисоци зад параванот граѓаните да избираат за себе, за да изберат подобри политичари за подобра Македонија.“

Овие предвремени парламентарни избори, се трети по ред предвремени избори распишани од иста власт. Првите предвремени избори Груевски ги распиша пролетта 2008 година, вторите предвремени се одржаа во 2011.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG