Неколку стотици луѓе излегоа на денешниот Марш против сиромаштијата во Скопје што симболично започна во 5 минути до 12 часот. Мирниот протест, во организација на невладината Македонска платформа против сиромаштија и граѓанската иницијатива „8 Септември“, започна пред Собранието, продолжи пред Владата за да заврши со концерт на Скверот Јадран на кој настапија Бени и Нон стоп, Распеани скопјани и ДЈ Соња Исмаил.
Организаторите се залагаат за минимален достоинствен приход за секој граѓанин и за нов закон за социјална заштита. Тие посочуваат дека секој трет човек во Македонија е сиромашен и бараат владата да престане со непродуктивните трошења и парите да ги пренасочи кон стечајците, социјалците и невработените.
Тие предлагаат локалните самоуправи да овозможат бесплатен јавен превоз за стечајците и социјалците, како и да им ги преземат сметките за комуналии и за вода, а од владата бараат на сиромашните да им ги преземе сметките за струја, да ги ослободи од партиципација за здравство и да им се овозможат бесплатни лекови, а за децата од сиромашни семејства да има бесплатно сместување и да се овозможат времени вработувања за нив.